
КОЈ САКА ДА ИМА СЕМЕЕН АВТОМОБИЛ, МОРА ДА ИСКЕШИРА 101 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДОЗВОЛА – еве која азиска земја ја наплатува оваа сума и зошто
Сингапурците ќе мора да издвојат повеќе пари за правото да купат автомобил. Цената на сертификатот (COE) со кој се овозможува сопственост на големо семејно возило се искачи на рекордни 101.425 евра.
Сингапур воведе систем на сертификати во 1990 година како мерка против сообраќајниот метеж, а потенцијалните сопственици на автомобили во земјата мора прво да добијат COE пред да можат да купат возило, јавува Би-Би-Си.
Сертификатите се продаваат на секои две недели на аукции, а владата го контролира бројот на овие дозволи. Поради воведувањето на оваа мерка, Сингапур стана најскапата земја во светот за купување автомобил.
Возилата како стандардниот „Toyota Camry Hybrid“ чинат шест пати повеќе во оваа земја отколку во САД. Цените на COE уриваат рекорди неколку месеци по ред бидејќи закрепнувањето по пандемијата ја зголеми побарувачката за автомобили.
– Секогаш кога имаме луксузни автомобили, клиентите се редат пред нашата продавница – изјави претставничката на Toyota Borneo Motors, Алис Чанг, за која зголемувањето на цената на COE не е изненадување.
Извор:Телеграф бизнис
