Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој продава најевтина струја на државни тендери? Ваква понуда никој не може да одбие!
Економија

Кој продава најевтина струја на државни тендери? Ваква понуда никој не може да одбие!

06/12/2024

AA

Само два пати во последните шест месеци се случило тендер за снабдување со струја на  државни институции или јавни установи да добие компанија што ќе понуди провизија пониска од 4%. И во двата случаи понудувач била истата компанија – РЕС. Најниската провизија на тендер за снабдување со струја ја доби Министерството за финансии, пред десетина дена, и таа изнесува само 3,8% . За тоа колкави можат да бидат провизиите само за споредба ќе потсетиме дека неодамна имаше тендер на кој државната компанија ЕСМ Продажба (фирма – ќерка на ЕСМ) доби тендер да продава струја на универзитетската Клиника за хематологија со провизија од 20% 

Министерството за финансии ќе плаќа најниска цена за електрична енергија во споредба со сите други државни институции – буџетски корисници. Тендерот за снабдување со струја на Министерството за финансии го доби „Рењувабал Енерџи Саплај“ (РЕС) кој даде понуда што никој не може да ја одбие.

Всушност станува збор за најниска провизија што била понудена на тендерите за набавка на електрична енергија од мај наваму. РЕС во конкуренција на уште две други компании дал најниска понуда за провизија и го добил тендерот за снабдување со електрична енергија на Министерството за финансии. Провизијата што ќе ја наплати РЕС од Министерството за финансии изнесува само 3,8 отсто од цената на струјата која се пресметува според референтната берза ХУПЕКС од Унгарија.

На овој тендер е постигната најниската провизија за набавка на електрична енергија во последниве шест месеци. Претходно како што веќе сме објавиле најниска провизија за снабдување со струја добило Министерството за одбрана. Тогаш провизијата беше 3,9 отсто, а повторно снабдувач беше истата компанија – РЕС. За овој тендер повеќе детали има на следниот линк https://faktor.mk/kako-ministerstvoto-za-odbrana-go-dobi-najgolemiot-dosega-viden-popust-za-nabavka-na-struja-provizijata-e-samo-39-otsto

Што се однесува до тендерот за набавка на електрична енергија за Министерството за финансии вреди да се каже дека неговата вредност со вклучен ДДВ изнесува 384.000 евра. Договорот склучен во втората половина на ноември важи една година. Сите детали се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/9f7a4675-2698-4596-a307-d647483c6987

РЕС е голема компанија за снабдување со електрична енергија која своето портфолио го втемелува на домашно производство на електрична енергија од обновливи извори (претежно комбинира соларна со хидро енергија). РЕС беше основана од македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, признат во областа на енергетиката кој во владата за Зоран Заев беше вицепремиер за економски прашања.

Неодамна Кочо Анѓушев истапи од сопственичката структура и компанијата РЕС сега е во целосна сопственост на неговите партнери од Бугарија односно акционерското друштво „Кер токи пауер„ со седиште во Софија.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
Македонија

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45331
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв се враќало кај мајката

29/08/2026

На 28.08.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(43) од Скопје пријави дека подолг временски период, неговиот малолетен син манифестирал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy