Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој продаде 35 хектари оранжерии по цена од еден стан?
Економија

Кој продаде 35 хектари оранжерии по цена од еден стан?

22/08/2024

AA

Над 75 отсто од сите акции на светиниколските оранжерии „Градинар“ вчера на берза се продадени за 81.500 евра. Овие оранжерии кои располагаат со 35 хектари земја лани имале приход поголем од 400.000 евра и добивка од 34.000 евра.

Светиниколската компанија за производство на храна од оранжерии „Градинар“ за некој ден добива нов сопственик. Вчера на Македонската берза за хартии од вредност во една трансакција беа продадени 111.444 акции со право на глас од „Градинар“ за вкупна цена од 81.500 евра.

Станува збор за продажба на 75,3 отсто од сите акции во светиниколски „Градинар“. Цената по акција изнесува 150 денари, а таа акција според историските достапни податоци не е тргувана на берзата неколку години наназад.

Според официјални податоци од базата на државниот Централен регистар сопственик на светиниколски градинар досега беше Драгица Караманолева која воедно е и овластено лице на компанијата и извршен член на бордот на директори. Сега таа се јавува и како продавач на акциите. Заедно со Караманолева во бордот на компанијата се неизвршните членови Весна Руменова и Наце Цеков.

„Градинар“ во минатата година имал приходи во вредност од 415.000 евра, а остварил профит од работењето во износ од 34.000 евра. Токму заради овие податоци по малку е чудно зошто успешна компанија која остварува добивка се продава по цена што е пет пати пониска од приходите што ги остварува на годишно ниво.

„Градинар“ лани вработувал 15 лица, според официјални достапни податоци од базата на ЦРМ.

Во јавно достапни податоци преку интернет пребарување се доаѓа до оглас од јули 2022 година во кој оваа компанија се нуди на продажба. Пишува дека имотот на „Градинар“ е 35 хектари, дека има 12 хали од по 1,2 хектари пластеници (оранжерии) и дека капацитетот се загрева со котли.

Акцијата на „Градинар“ не е котирана на Официјалниот пазар на берзата туку се тргува на слободниот пазар и нема обврски за редовни и периодични известувања. Последната објава на оваа компанија датира од ноември 2022 година и се однесува на годишното работење во 2021 година. Тогаш „Градинар“ имал приход вреден 619.000 евра и добивка од 25.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy