КОЈ ПЛАТИ НАД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „МАКПЕТРОЛ“ – се постигна цена од 85 илјади денари за акција
По подолг период своевидно затишје, блок трансакција се случи денеска со акциите на нафтениот гигант „Макпетрол“.
Се продадоа 392 акции за однапред познат купувач, по цена од 85 илјади денари за акција.
Или, за оваа количина акции новиот купувач плати не мала сума од 542 илјади евра.
А, треба да се има предвид дека сумата од 85 илјади денари за акција што се постигна на блок трансакцијата, е пониска од онаа по која се продадоа акции на нафтената компанија, а клоја изнесуваше 85.500 денари по акција.
Инаку, на редовниот пазар постојано се тргува со помали количини акции на „Макпетрол“, но треба да се истакне дека на 31 октомври се продала позначајна количина од 754 акции, кога исто така една акција се продала по цена од рамно 85 илјади денари за акција.
Н.Н.Ф.