Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ПЛАТИ НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 7,4 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“ – сопственички промени во фармацевтската компанија
Економија

КОЈ ПЛАТИ НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 7,4 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“ – сопственички промени во фармацевтската компанија

06/09/2023

AA

Иако поситни промени во
акционерската структура на „Реплек“ се случуваа континуирано, завчерашниот ден
беше навистина бурен од тој аспект.

Имено, преку две берзански блок
трансакции беа продадени 7,4 проценти од акциите на фармацевтската компанија, а
некој за овој акционерски пакет плати 2,12 милиони евра.

Кој или кои ги продале, а
кој или кои ги купиле акциите ќе се дознае после неколку дена, откако промените
ќе бидат регистрирани на Централниот депозитар за хартии од вредност, а
објавата сигурно и компанијата ќе ја сподели преку Берзата како ценовно
чувствителна информација.

Она што се случило во
понеделникот на берзата се две блок трансакции.

Во првата се продадени 800
акции на „Реплек“, по цена од 68 илјади денари за акција, додека, пак, по
истата цена се продадени и 1.115 акции на истото акционерско друштво.

Или, вкупната сума на двете
трансакции е 2,117 милиони евра, а ако се земе предвид вкупниот број издадени акции на „Реплек“, може да се направи математика дека продадената
количина е 7,38 проценти од вкупниот акционерски капитал.

Инаку, ако се види како се
движела цената на последните редовни тргувања, таа е околу 80 илјади денари за
акција.

Инаку, според последната
состојба што ја покажува Централниот депозитар, значи пред да се случи оваа
блок трансакција, акционерската структура на „Реплек“ била следнава.

Душан Пецовски, кој е и
претседател на Управниот одбор, бил најголем акционер и тој поседува 11,98
отсто од акциите. Веднаш зад него е Славица Туџарова-Трајковска, со 10,46 отсто
од акциите.

Компанијата „Настел“ на
бизнисменот Зоран Азманов располага со 9,38 проценти од акциите. Следува Сава Пензиски фонд
со 6,4 проценти.

Додека, пак, Владимир
Пецовски, брат на Душан Пецовски има на располагање 6,19 отсто од акциите.

Потоа, 6,13 отсто од
акциите има трговската фирма Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје, а како сопствени акции
самиот „Реплек“ поседува 5,06 отсто од акциите.

Дали и кој од овие
сопственици купил или продал или тоа го направиле поситните акционери, би
требалио да се знае веќе во понеделник.

За сите претходни
промени компанијата уредно ја известуваше јавноста, при што главно продаваше
акционерката Туџарова, а купуваа Душан и Владимир Пецовски.

Инаку, компанијата „Реплек“
годинава продолжува со успешното работење. Во првите шест месеци од годинава компанијата оствари раст на
вкупните приходи во сегментот фармација од 32 отсто. Најголем удел во растот има продажбата на
странски пазари, каде растот изнесува над 40 проценти во споредба со истиот период од минатата
година, а раст има и на домашниот пазар.

„Реплек“ исплати дивиденда од 1.800 денари по акција за своите акционери за 2022
година. Тоа
следуваше откако минатата година акционерите не добија дивиденда. 
Од годинава па сѐ до 2027 година се предвидува зголемување на
дивидендата, која за 2023 година најмалку ќе изнесува 2.000 денари, а во 2027 година треба да достигне
најмалку 6.000 денари по акција.

Во јануари Реплек ја потврди
информацијата дека земјиштето на маркетот Хубо е продадено на Систина, каде што
оваа болница планира да изгради голем медицински центар. За тоа компанијата наплати
околу 1,5 милиони евра.

Во април лани Реплек свечено отвори нови погон во компанијата, во чија изградба се
вложени околу три милиони евра. Новиот погон се протега на површина од 600 м2 и овозможува двојно зголемување на капацитетот за
производство на полуцврсти дозажни форми.

Инаку, во октомври 2021
година Душан Пецовски беше назначен за генерален директор на „Реплек“, кога беше избран и за претседател на новиот Управен одбор на
фармацевтската компанија. Тогаш престана долгогодишното менаџирање на „Реплек“ од страна на семејството
Туџарови.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy