Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА – какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“
Економија

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА – какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

18/02/2025

AA

За сума од близу еден милион евра се продаде управувачкиот пакет акции на компанијата „Стоковна куќа“ Корзо, односно Јавор од Битола.

Практично, според податоците од Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, вчера преку блок трансакција на Берзата беа продадени 91.452 акции на Стоковната куќа Корзо Битола, што е 58,45 отсто од основната главнина на компанијата, однсоно од вкупниот акционерски капитал. 

Постигнатата цена при оваа блок трансакција е 618,69 денари по акција, што значи дека за тие над 58 отсто од акциите е платена сума од 56,6 милиони денари, односно нешто повеќе од 920 илјади евра.

Тоа значи дека купувачот кој вчера покажа дека има на располагање 920 илјади евра за оваа фирма, практично станува управувачки сопственик на Стоковна куќа Корзо Битола, бидејќи ќе има над 51 отсто од капиталот, односно најмалку 58,5 отсто од акциите. 

Според податоци кои можат да се најдат за оваа компанија, согласно завршната сметка од 2022 година, таа во текот на 2022 година имала остварено вкупни приходи од само 84 илјади евра, додека, пак, нејзината добивка е сосема незначителна, само околу 260 евра. 

Зошто инвеститорот реши да плати близу еден милион евра за управувачкиот пакет на компанија со вакви приходи и добивка? 

Со оглед што станува збор за фирма која е на слободниот пазар, таа нема обврски да дава некакви известувања на Берзата, а за нејзината досегашна сопственост не можат да се најдат ниту податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност. Тоа значи и дека е тешко за очекување да се дознае кој ќе биде новиот сопственик на над 58 од акциите на оваа компанија, доколку тој самиот  не сака тоа да и го обелодени на јавноста.

За компанијата се знае само дека вкупно има издадено 156.466 акции, како и дека со акциите на таа компанија во изминатава година немало ама апсолутно никакво тргување на редовниот пазар, туку само се случи вчерашната блок трансакција. 

Од податоците кои можат да се најдат за Стоковната куќа Корзо или Јавор од Битола е дека станува збор за акционерско друштво за производство, трговија на големо и мало и услуги, основано на крајот на далечната 1992 година. За оваа компанија како главна дејност е наведена издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп, односно лизинг. 

На оваа фирма, според истражувањето, низ годиниве и опаѓале и приходите, и добивката, а тие се најниски во 2023 година. Таа фирма има висока бонитетна оценка, А+, нејзината банкарска сметка е активна, а за неа е наведено дека има само двајца вработени.

Во 1998 година врз таа компанија била отворена стечајна постапка, но претходно бележела и успешно работење.

Стоковната куќа Јавор во Битола бика пуштена во употреба во далечната1975 година, а е дело на познатите битолски архитекти Сотир Шундовски и Станко Буторац. На почетоците имала многу успешно работење.

Во 2018 година медиумот Бабам Битола за Стоковната куќа Јавор напиша дека „Јавор беше архитектонското чудо на југословенските простори во далечната 1975 година“. 

„Постоечкиот архитектонски објект, стоковната куќа „Јавор“ во Битола, е дел од колективната меморија кај населението од овој град, и е централен сегмент во ланецот на стоковни куќи изградени во Битола во почетокот на ХХ век. И припаѓа на модерната архитектура. Со својата местоположба во централното градско подрачје, во непосредна близина на старата битолска чаршија, објектот претставува значаен јазол во кој се преплетуваат многу културни слоеви и времиња, и е изграден аналогно на другите стоковни куќи во тоа време… Објектот има вкупно пет нивоа – катови: подрум, приземје, прв и втор кат како и трет кат кој денес не функционира. Во својата внатрешност објектот е поделен на два дела: трговско-услужна дејност и административно-технички дел, кои се наоѓаат на сите нивоа, освен третиот кат кој е недостапен…. Стоковната куќа Јавор е синоним за успешноста и подемот на Битола пред точно 45 години. Јавор сега ни е нем сведок на едно модерно и успешно време кое го доживеа нашиот град, но во исто време ни е потсетник на нашето стагнирање бидејќи после него и во денешните модерни времиња Битола нема ниту еден Сити Мол или голема модерна стоковна куќа како по примерот на многуте големи градови во Македонија и околните земји“, се вели во текстот кој го објавиле Бабам Битола во 2018 година. 

Веројатно и во овој факт, што се работи за објект во центарот на градот, можат да се бараат мотивите на инвеститорот кој плати 920 илјади евра за управувачкиот пакет на компанијата, и кој веројатно ќе планира сериозни инвестиции на таа локација и објект, но каков точно е неговиот инвестициски план, веројатно ќе се открие многу бргу. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44910
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026

Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy