
КОЈ ПЛАТИ 250 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – ова е цената по која се продадоа акциите
Вчера преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност поминаа четири блок трансакции со акции на Комерцијална банка.
Вкупната сума на овие блок трансакции е близу 250 илјади евра, но засега не е познато кој продавал и кој купувал акции, односно дали купувачот е еден или повеќе инвеститори.
Во првиот блок се продадоа 83 акции по вкупна сума од 28.780 денари за акција, или зделката е тешка околу 39 илјади евра, а во другите три пакети се продадоа по 72. 136 и 243 акции, по цена од 28.700 денари за акција.
Комерцијална банка е една од најликвидните хартии од вредност на Берзата, и со овие акции постојано има тргување меѓу инвеститорите.
Вчера, кога се реализирале блок трансакциите, на редовниот пазар една акција на Комерцијална банка се продавала за сума од 28.718 денари за акција, додека денеска акцијата на Комерцијална банка затвори на 28.655 денари за акција.
На редовниот пазар продадени се колични од 276 и 168 акции соодветно.
Н.Н.Ф.

