Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ПЛАТИ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДА КУПИ МАЛ ПАКЕТ ОД ОКТА – берзанска трансакција со акции на скопската рафинерија
Економија

КОЈ ПЛАТИ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДА КУПИ МАЛ ПАКЕТ ОД ОКТА – берзанска трансакција со акции на скопската рафинерија

06/11/2023

AA

Околу 200 илјади евра пред платил извесен купувач, за мал пакет акции на скопската рафинерија ОКТА.

Имено, пред неколку дена на Берзата поминала блок трансакија во која за познат купувач се продадени одеднаш 1.565 акции на оваа компанија, по цена од 7.588 денари за акција. Ова значи дека некој продал, а некој купил акции за сума од 193 илјади евра на оваа рафинерија. 

Ако се погледне графиконот на движење на цената на акцијата на ОКТА, може да се забележи дека на последниот ден на кој имало редовно берзанско тргување, а тоа е 31 минатиот месец, акциите се продавале по многу пониска цена од онаа по која поминала блок трансакцијата, а таа е 5.877 денари за акција. Тоа значи дека купувачот од блок трансакцијата имал навистина голем интерес да ги купи тие акции. 

Инаку, на средината на септември имаше огромен раст на цената на акциите на ОКТА, па дури и Берзата ја праша компанијата која е причината, на што тие одговорија дека нема никаква посебна промена, а дека главната причина најверојатно се добрите резултати и перспективии на компанијата. 

Ако се има предвид вкупната сума акции издадени од ОКТА, излегува дека преку блок трансакцијата се купени мал процент од вкупниот број акции на компанијата, односно 0,2 проценти.

Кој е купувачот, а кој е продавачот на овие акции засега не се знае, а тоа сеуште не може да се види ни преку Централниот депозитар за хартии од вредност, каде се наведени акционерите со капитал над 5 проценти.

На ЦДХВ се уште стои истата состојба како и претходно во поглед на акционерската структура, односно дека доминантниот пакет акции го поседува ЕЛ.П.ЕТ Балканике петролеум, и тоа 81,51 отсто од акциите, додека, пак, вториот по ред најголем акционер, односно домашниот трговец со нафта „Пуцко петрол“ има под своја контрола 10,87 проценти. Тоа е состојба од побнеделникот минатата недела. 

Исто така, и 1.263 домашни физички лица поседуваат 6,81 отсто од акциите, а мал процент имаат и неколку домашни и странски фирми. 

Кој од сите овие акционери продал, а кој купил акции, веројатно ќе стане појасно денеска, кога ЦДХВ ќе ја прикаже новата состојба на акционерите над 5 отсто.

Тоа ќе може да се види само доколку некој од двајцата големи акционери го зголемил својот капитал во однос на досегашната состојба.

Треба да се спомене и фактот дека ОКТА е една од компаниите кои платија солидарен данок, и тоа на сума од 813 илјади евра, за што таа даде информација и во своето образложение за најновиот финансиски резултат, за првите девет месеци од оваа година. 

Инаку, како што веќе објави Фактор, нафтводот Скопје – Солун пред неколку дена доби лиценца за работа и можност да биде употребен по повеќе од една деценија. 

По речиси една година разгледување на барањето, Регулаторната комисија за енергетика денеска ја потврди оваа одлука, инаку веќе донесена на претходно подготвителна седница. Лиценцата е со важност од 35 години, односно од 2023 до 2058 година.

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје – Солун, како што стои во одлуката за издавање на лиценцата, ја доставувал потребната документација повеќекратно, се до 17 октомври. Било побарано и мислење од Министерството за транспорт и врски дали нафтоводот може да се стави во употреба, по што РКЕ на крајот одлучила позитивно. Во Вардакс сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Претходно директорот на „Нафтовод“, Есад Рахиќ, рече дека ќе има процедури и потреба од носење на одредени подзаконски акти и дека треба да се добијат сите дозволи навремено, како и да се утврди транспортната цена од македонска и грчка страна. Според очекувањата на Рахиќ, нафтоводот ќе работи повторно со полна динамика. Продуктоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно. Според одлуката на РКЕ, пред отпочнување со комерцијална работа, Вардакс единствено треба да достави уште само доказ за заснован работен однос со вработени стручни лица.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy