Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој не сака српска енклава на Косово?
Регион

Кој не сака српска енклава на Косово?

01/02/2023

AA

Британската влада нема да го поддржи формирањето на српска енклава во Косово.

Комитетот за надворешни работи на британскиот парламент разговараше за ситуацијата на Западен Балкан и политиката на Лондон. Претседателот на тој комитет Алиша Кернс изјави дека британската влада нема да го поддржи формирањето на „српска енклава“. Кернс рече „дека е загрижена поради француско-германскиот предлог за создавање енклава во стилот на Република Српска на Косово и Метохија“.

„Дали владата може да потврди дека се противи на вкоренување на етнонационализмот на Балканот? И дали во оваа смисла ќе ја блокираме Република Српска да собира пари на Лондонската берза, бидејќи тоа е исклучиво за финансирање на овие сецесионистички планови и амбиции?“, рече Кернс.

Амбасадорот на САД во Приштина, Џеф Ховениер, на својот официјален профил на Твитер се огласи по средбата одржана во Амбасадата во врска со формирањето на Заедницата на српските општини, на која присуствуваа претставници на српската и албанската заедница од Владата, опозицијата и граѓанскиот сектор во Косово.

„Денеска одржавме расправа за Заедницата на општини со српско мнозинство. Благодарни сме на различните присутни засегнати страни што ги споделија нивните ставови и експертиза. Продолжуваме да се залагаме за спроведување на сите заложби од дијалогот“, напиша Ховениер.

Српската листа вели дека ЗСО „е институција потребна за опстанок на српскиот народ, а не нечиј каприц“. 

Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Косово со години ја одложува оваа обврска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy