Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ИСКЕШИРА 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БЛИЗУ ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД БИТОЛСКИ КОМБИНАТ – се случи голема зделка, се наѕираат ли актерите
Економија

КОЈ ИСКЕШИРА 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БЛИЗУ ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД БИТОЛСКИ КОМБИНАТ – се случи голема зделка, се наѕираат ли актерите

17/09/2024

AA

Голема
трансакција од близу два милиони евра помина во петокот преку Македонската
берза за долгорочни хартии од вредност.

 Поточно, се продаде значајна количина на акции
на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, и тоа 46.046 акции, по цена
од 2.309 денари за акција.

Вкупната сума на
оваа зделка е 1,74 милиони евра, што значи дека некој платил сериозна сума пари
за да се стекне со прилично голем акционерски пакет акции на ЗК „Пелагонија“ од
Битола, кој се доближува дури до една четвртина од капиталот на оваа битолска
компанија.

Ако се погледне
вкупниот број акции издадени од ЗК Пелагонија Битола, излегува дека во петокот
поминал пакет кој опфаќа 22,69 проценти од капиталот на овој земјоделски
комбинат.

Засега се уште не
се знае официјално кој ги продал а кој ги купил овие акции вредни повеќе од 1,7
милиони евра.

Иако вчера беше понеделник,
ден кога Централниот депозитар за хартии од вредност ги ревидира сопственичките
структури на компаниите, состојбата на акционерите на ЗК Пелагонија остана иста
како и во петокот, бидејќи моделот на порамнување на трансакцијата е Т плус
два, односно денот кога поминал блокот, или петокот, плус два работни дена,
освен доколку не е побаран специфичен ден на порамнување, што во оваа зделка не
е случај. Тоа значи дека порамнувањето ќе биде утре, а со оглед што ЗК
Пелагонија Битола е котирана компанија на Берзата, значи дека таа или утре или
најдоцна четврток, ќе објави какква сопственичка структура настанала во
нејзиниот капитал, односно кој е купувачот, а кој е продавачот на акциите.

Ова значи, пак,
дека и Централниот депозитар за хартии од вредност, дури во понеделник
наредната недела ќе ја објави промената на акционерите кои имаат над пет отсто,
со оглед што оваа зделка со поминат значаен акционерски пропцент, сигурно дека
ќе се рефлектира и на сопственичката структура на ова акционерско друштво.

А, да видиме кои
биле акционерите на ЗК Пелагонија Битола пред да се случи блок трансакцијата.

Најголем акционер
во компанијата, според засега се уште неревидираната состојба на ЦДХВ, е друштвото
за градежништво, трговија и услуги, Софија градба ДООЕЛ од Скопје, која
случајно или не, го поседува истиот процент акции кој се продаде во петокот, а
тоа се 22,69 проценти од капиталот. Дали овој акционер го продал својот пакет, како
и кој го купил, останува да видиме набргу, кога или ќе објави самата компанија,
или, пак, промената ќе се прикаже на Централниот депозитар за хартии од
вредност.

Втор по големина
акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост
17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59
отсто од акциите.

Друштвото Нова
Агро инвест ДООЕЛ поседува 9,86 отсто од капиталот, а Дејан Панделески има 5,2
отсто од капиталот на оваа компанија.

Акции во ЗК
Пелагонија Битола има и Снежана Георгиева, и тоа 5,19 проценти.

Интересно ќе биде
да се види каква ќе биде акционерската слика во ппонеделник наредната недела,
кога ќе се прокнижат промените.

Инаку, цената по
која биле продадени акциите во петокот е 2.319 денари, што е многу пониска цена
од онаа по која со акциите на оваа компанија се тргува на редовниот пазар, а
таа токму во петокот изнесувала 3.600 денари по акција.

А, може треба да
се спомене и дека вчера помина блок трансакција со акциите на Стопанска банка
Битола, и тоа се продадоа 1.687 акции, по цена од 3.296 денари за акција. Или,
вкупната сума е нешто повеќе од 90 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy