Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ГРАД ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мала земја, голем разлки во трошоците за граѓаните, еве какви се движањата низ градовите
Економија

КОЈ ГРАД ИМА НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мала земја, голем разлки во трошоците за граѓаните, еве какви се движањата низ градовите

14/10/2024

AA

Кумановци јадат
најскап компир во земјава, таму овој „деликатес“ чини 53 денари за килограм,
додека пак во Штип само 26 денари. Ова значи дека кумановци јадат двојно
поскапи компири од штипјани
. Но, тоа не е се, напротив ценовната споредба до
град во град покажува големи и зачудувачки разлики во цените.

Цените на храната
и понаму го окупираат фокусот на граѓните, што секако се должи на поскапувањето
на производите и на фактот оти најголем дел од платите на работниците се трошат
токму на основните трошоци, меѓу кои е и храната.

Државниот завод
за статистика го објави најновиот месечен билтен во кој се опфатени и цените на
основните прехранбени производи по градови во Македонија. Брз преглед на цените
покажува дека иако сме мала земја има големи разлики меѓу цените на истите
производи во различни градови. Она што е уште поинтересно и чудно е фактот дека
кај исти производи се случува да има разлика во цената од еден до друг град за
дури сто денари по килограм. Но, ова не е појава која ја има само сега, туку
напротив споредбите покажуваат дека постојано се случуваат големи разлики во
цените на продуките во малопродажба.

Бројките
откриваат дека не важи дефиницијата помал град поевтини производи, напротив,
Скопје иако е главен град и главно свртилиште, не е најскап град, туку има продукти
кои чинат најмногу, како што е месото, но има и продукти кои се најевтини тука
.

Едно од омилените
јадења на нашето поднебје е гравот, кој во минатото важеше за евтин ручек.
Денес веќе воопшто не е така, бидејќи цените за килограм грав надминуваат 150
денари. Најевтино може да се купи во Струмица, за само 142 денари за килограм,
но најскап е во Тетово каде чини двојно повеќе, или високи 282 денари за
килограм.

Уште еден „деликатес“
кој кумановци го конзумираат по најниска цена се брокулите. Имено, во Куманово
килограм брокула чини 120 денари. Но, најскапо се продава во Тетово и чини двојно
и нешто повеќе, односно дури 245 денари за килограм.

Јаболките најевтино
се продаваат во главниот град, и чинат 49 денари за килограм, додека најскапо
се продаваат во Тетово и тоа за 87 денари
за килограм.

Струмичани пијат најскапо
млеко кое ги чини 82 денари за литар, додека во Тетово се продава најевтино
млекото и чини 68 денари за литар.

Сирењето е исто
така меѓу омилените јадења во Македонија, а овој производ најевтино се продава
во Штип и чини 456 денари за килограм овчо сирење. Од друга страна тој најскапо
се продава во Струмица и чини 558 денари за килограм
.

Оризот се
продавал по цена од 100 денари во Струмица, каде бил најевтин, но на
спротивната страна е Скопје и тука чинел 164 денари за килограм.

Свинското месо било
најевтино исто така во Струмица и се продавало по цена од 313 денари за
килограм, додека најскапо во Тетово и чинело 423 денари за килограм. Кај
јунешкото месо најниската цена е пронајдена во Штип, каде чинело 302 денари за
килограм, додека најскапо се продавало во Скопје и чинело 637 денари за
килограм. Телешкото месо пак најевтино во Штип со цена од 379 денари за
килограм, а најскапо во Скопје со цени кои надминуваат 800 денари за килограм
.

Дури и кај
пијалоците има разлики. Па така струмичани можат да се напијат најевтино пиво,
кое во просек чинело 86 денари за литар светло пиво. Но, најскапо се продавало
во Тетово и тоа 105 денари за литар
.

И кај виното се
забележани големи разлики, статистичарите за просек го земаат природното вино
од 11 малигани. Овој пијалок во Струмица чини исто така најмалку или 117 денари
за литар вино, додека најскапо во Охрид каде се продава по цена од 180 денари
за литар.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45834
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски со порака од Гевгелија

27/09/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото ‘Две години работа. Две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy