
КОЈ ГО НАУЧИЛ ДА ПУКА? Знаел точно како и каде да нишани!
Иако се уште нема 14 години, К.К. изврши едно од најкрвавите злосторства во Србија.
Со два пиштоли, сопственост на неговиот татко и пет шаржери, К.К. пукал, сменил чаури и повторно пукал околу училиштето.
Повеќето од истрелите кои ги испукал биле насочени кон главата или градите – две области од телото кои водат до сигурна смрт.
Се поставува прашањето, кој го научил да пука?
Дали е тоа неговиот татко? Дали го однел на стрелиште да вежба?
Овие важни прашања кои ќе треба истрагата да ги одговори.
На прес конференција на МУП Србија, беше соопштено дека момчето имало скици од нападот, планирало точно во која училница да влезе и како да нападне.

