Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ГО КРШИ УСТАВОТ: ДАНОКОТ ЗА СОЛИДАРНОСТ ИЛИ УСТАВНИОТ СУД? Даночниот експерт Лазовски со анализа
Економија

КОЈ ГО КРШИ УСТАВОТ: ДАНОКОТ ЗА СОЛИДАРНОСТ ИЛИ УСТАВНИОТ СУД? Даночниот експерт Лазовски со анализа

09/02/2025

AA

Даночниот експерт Славко Лазовски го коментираше укинувањето на солидарниот данок.
„КОНТРОВЕРЗНА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД

Кој го крши Уставот: – Данокот за солидарност или Уставниот суд?

Данокот и правото не се спротивставени, туку се во една симбиоза, која им е толку природна, едноставно не е можно едно без друго. Може некој елемент од данокот да одскокнува од оваа испреплетеност, но тоа е само некое делче од искаеното платно. Но, целиот данок никогаш.

Сите правни болки: правна сигурност, правна положба и правна неизвесност произлегуваат од наводно неговата ретроактивност.

Темелните вредности и каракартеристики на овој данок ги чинат следниве две одредби од Законот:

– член 3. став (1), кој гласи: ,, Со данокот за солидарност се обезбедуваат финансиски средства кои ќе се користат за финансирање на Потпрограмата П 1 – Мерки за справување со Covid19 кризата и други антикризни мерки, во раздел 040.01 – Влада на Република Северна Македонија.“ и

– член 4, став (1, кој гласи: ,,Обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно со Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.“

И она што го додаваме во вакви случаи: – Останатите одредби на Законот служат за остварување на овие две одредби.

Но, да го разгледаме овој данокот по наше – од даночен аспект:

1. Законот за данок за солидарност е донесен на 19. септември, објавен на 25. септември и влегува во сила на денот на објавувањето. Законодавецот оценил и ја прифатил итноста и наметнал обврски од 25. септември. Исто како и кај секој друг даночен закон. Овде нема простор ниту да се наметне прашањето за ретроактивност.

2. Ретрокативноста да ја провериме со временската рамка, која важа и за секој друг вид данок. Неговата временската даночна рамка е:

– даночниот период е од 1. 1. 2022 до 31. 12. 2022 г.:

– пресметковниот период е од 1. 1. 2023 до 25. 9. 2023 г. и

– рокот за плаќање е од 25. 9. 2023 до 25. 10. 2023 г.

И овде нема ретроактивност, туку сосема вообичаена временска даночна рамка.

3. Највероватно забуната ја прави даночната основа. Специфичност кај даночната основа пропишана со овој закон е тоа што таа е од типот на посебни даночни основи. Посебните даночни основи се поретки, но се поприсутни. Ништо ново и ништо невообичаено. Посебните даночни основи, се во групата на стварни даночни основи и се поблагопријатни за даночните обврзници. Тие се за таа намена. Но, во овој закон даночната основа е врз основа на податоците за 2022 г. Таа не е даночна основа за 2022 г. туку новоформирана даночна основа која користи податоци од 2022 г. Даночната основа за 2022 г. си завршила работа за данокот на добивка. За целите на оданочувањето со данокот за солидарност законот формира нова даночна основа, а доказ за тоа е што новата даночна основа е помала за 615.000.000 денари од даночната основа за 2022 г. Не може ретроакативноста да ја наоѓаме во новиот данок затоа што зема податоци од стариот данок. Разликата меѓу даночната основа за 2022 г. и даночната основа за овој данок е очигледна. Тука нема ретроактивност.

4. Овој закон воведува посебна јавна давачка, освен што има посебна даночна основа има и карактеристични примеси на даночниот вид – прирез, кој сеуште го немаме во нашиот даночен систем. Данокот за солидарност се потпира на друг вид данок – на данокот на добивка, што е типично за прирезите. Ова е збогатување на нашата даночна структура, а позајмувањето на податоци и вметнување на примеси од друг вид данок, се прави заради намалувањето на трошоците на оданочувањето. И сето ова е вобичаено во фискалната техника и во догледно време ќе ги има во сѐ поголема мера. И ова не може да се подведе под ретроактивност.

5. Застарувањето и правната неизвесност. И даночниот долг е подзакана на застарување, како е секој долг. Оданочувањето во рамките на рокот на застарувањето не прекинува. Оданочувањето е општетсвен процес што тече, тоа не престанува ниту на ниво на поединечен даночен должник. Оправдување за ова е во тоа што задоволувањето на потребите на членовите на заедницата ниту во еден момент не престануваат. Поради тоа е вградено следното решение во Законот за даночна постапка: – Даночниот долг може да се утврдува во износи поголеми или помали пред истекот на рокот за застарување. Ова значи дека може да се корегира износот на данокот, но само во рокот на застарувањето. Можеме да зборување на правна неизвесност и правна сигурност само доколку утврдуваме данок по рокот на застарување. За данокот утврден според Законот за данокот за солидарност многу далеку е рокот на застарување. Правната неизвесност и треба да биде присутна во рамките на рокот на застарувањето. како што е присутна во рамките на даночниот период. Во тие рокови данокот може да оди и нагоре и надолу, тоа значи и нов данок, како што ќе значи и укинување на постоечки вид данок. Значи имаме проширена неизвесност не само во даночниот период туку и во рамките на рокот на застарувањето.

6. Самооданочување и правната неизвесност. Техниките на оданочување или начините на утврдување на даночниот долг се: со самооданочување и со даночно решение. Неспоред факт е дека солидарниот данок и данокот на добивка за 2022 г. се утврдени со самооданочување. Даночниот должник точно знае што остварил и што пријавил, само требало да знае дека профитот подлежи на оданочување се до истекот на рокот на застарувањето. Тоа е оданочување на докази. Значи подлежи на оданочување, не е битно дали е изменето, намалено, зголемено или ново оданочување. Фактот дека целата добивка или дел од неа веќе ја инвестирал, Законот за даночна постапка му нуди решение – одлагање на плаќање на даночниот долг. Водено е сметка и за тој факт.

7. Инвестициски даночни ослободувања и олеснувања. Ги имаме многу малку но при оценувањето на уставноста на Законот за данокот за солидарност, мора и тие да се земат во предвид. Значајно е да се во предвид следното ослободување: – Даночната основа се намалува за износот на извршените вложувања од добивката од претходната година (реинвестирана добивка).

8. Пренесување на профитот/загубата нанапред или наназад. Во нашиот даночен систем имаме само пренесување на загубата нанапред. Законот за данокот на добивка дава можност: – Доколку даночниот обврзник оствари загуба може да ја пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загубата. И тоа не сѐ: туку плус специјално повластување: – Доколку во 2020 и 2021 година даночниот обврзник оствари загуба може да ја пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до пет години сметано од годината во која е искажана загубата.

Ако е така, зошто оние што оствариле екстра добивка да не платат поголем данок и тоа нов данок? Треба да се погледне правната неизвесност и правната сигурност и од страната на Буџетот.“, напиша тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy