
Кој ќе зема повисока плата во Германија?
Се зголемуваат платите во јавниот сектор во Германија.
Синдикатите и работодавачите во јавниот сектор постигнаа договор за нов колективен договор за работа по четвртиот круг преговори, што се одржа во Потсдам, јави ДПА, цитирана од БТА. Скоро 2,5 милиони вработени во јавните служби ќе земаат 3.000 евра како одговор на високата инфлација. Средствата ќе се исплаќаат на рати од јуни. Од март следната година платите на дотичните вработени ќе се зголемат за најмалку 340 евра. Овие месеци, германските синдикати го парализираа јавниот превоз, градинките, болниците и собирањето ѓубре со национални штрајкови кои бараат повисоки плати. Откажани беа многу летови поради штрајкот. Висока инфлација „тресе“ повеќе држави во Европа и светот.
