Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој ќе заработи 1,6 милиони евра од либерализацијата на македонските железници во 2024?
Економија

Кој ќе заработи 1,6 милиони евра од либерализацијата на македонските железници во 2024?

03/01/2024

AA

Од почетокот на оваа година за прв пат во историјата започнува либерализацијата на македонските железници, а за тоа од операторите кои ќе ги користат македонските пруги за транспорт на стока и суровини во 2024, како за старт, ќе бидат наплатени 1,6 милиони евра.

Во објавениот бизнис план на Јавното претпријатие Железници Инфраструктура е наведено дека се планирани вкупно  98.227.925 денари од други превозници – ставка што за прв пат се објавува. Тоа се пари кои ќе се наплатат од новите возови за товарен транспорт со либерализацијата на пазарот.

По изгласувањето на Законот за либерализација на железничкиот сообраќај, од почетокот на оваа година се отворат вратите и за други компании од регионот, кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги.

Со ова власта очекува да се подобри конкурентноста, а придобивки би имале и граѓаните и компаниите. Македонија беше една од последните земји во регионот која сè уште немаше либерализација, а се очекува таа да го подигне сообраќајот на повисоко ниво.

„Либерализацијата не значи продажба, либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги“, изјави претходно министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Истовремено, беше истакнато дека ниту граѓаните, ниту Владата не се задоволни од функционирањето на АД Железници Транспорт, претпријатието кое во овој случај се чини дека е најголемиот губитник. Од „Железници Транспорт“ и натаму се очекува да остане доминантен оператор во товарниот превоз за компаниите, а за тоа на инфраструктурното претпријатие во 2024 ќе треба да му плати 163.771.436 денари.

„Железници Инфраструктура“ оваа година очекува значително поголеми приходи од товарниот транспорт, поради либерализацијата, но и поради тоа што наплатата минатата година од објективни причини била далеку помала поради оштетувањата во Македонија и Грција. Приходите од надоместот за користење на железничката пруга ќе се зголемат од 4 на 7 милиони евра. Плус тука се стандардно и оние што ги дава државата од буџетот.

„Како резултат на стапување во сила на либерализацијата на железничкиот пазар, се планира зголемување на бројот на возови во товарниот сообраќај, кој би се реализирал како резултат на влез на нови оператори т.е. железнички превозници во железничкиот сообраќај“, пишува во бизнис планот на ЈП за железничка инфраструктура.

Упатените со години алармираат за потребата од либерализација на железничкиот превоз во земјава. Државата со години го одложуваше влезот на приватни оператори по нашите пруги. Но со таквите одложувања, наместо развој на железницата во Македонија, сведочиме на намален обем на превоз на стока и патници од државната железница, како и натамошни долгови од железничките претпријатија.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy