Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА – еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови
Економија

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА – еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

03/07/2024

AA

Никако да ѝ тргне работата на странската инвестиција во земјава,
американската компанија „Вабтек“, која произведува сопирачки за возови.
По неколкугодишни загуби, и во минатата година се повторува негативен
финансиски резултат, и тоа огромна загуба на сума од 3,3 милиони евра.

Одборот на директори на компанијата решил дека оваа загуба ќе се покрие од идното работење на друштвото.

А, како што е познато, доминантниот акционер на компанијата е ПОЛИ С.Р. Л,
со мешан американско-француски капитал, и тој акционер поседува 87,4 отсто од
акциите на компанијата.

„Одборот
на директорите на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје, по пат на одлучување без одржување
состанок, донесе предлог одлука за
покривање на загубата. Притоа, се
одобрува искажаната загубата во работењето на друштвото ВАБТЕК МЗТ
АД Скопје во 2023 година во износ од 200.510.000 денари (3,3 милиони евра – н.з.) да
се покрие од идното работење на друштвото“, се вели во објавата на Берзата.

Ова не е прва загуба за Вабтек. Како што веќе пишуваше Фактор, извештаите од Македонска берза покажуваат дека
друштвото за 2022 остварило загуба од работењето од безмалку 2 милиони евра, а претходно, за 2021 пријавената загуба од
редовното работење била дури 5 милиони евра.

Овој странски инвеститор очекуваше да добие сериозна финансиска помош од
Владата, но досега нема информација дали таа воопшто е одобрена, а уште помалку
пак дали средствата се легнати на нивно конто.

Акционерското друштво сега има друг план како да излезе од кризата, а тоа е да ја зголеми
основната главнина за нешто повеќе од 2,5 милиони евра, преку издавање на акции.

Практично, ќе се разгледува донесување на Одлука за
зголемување на основната главнина на Друштвото со емисија на обични акции по
пат на јавна понуда, а ќе се одлучува
и за измена на статутот на друштвото. Таа одлука веќе ја донел Бордот на компанијата.

Одлуката е да се зголеми основната главнина на друштвото со издавање на обични акции по пат
на јавна понуда, заради, како што напишале
менаџерите, зголемување на капиталот на друштвото и обезбедување на оптимална
капитализираност во наредниот период. Со оваа емисија би се издале 49.000 обични акции. Номиналната вредност по
акција изнесува 51,13 евра, а и продажната
цена по акција ќе изнесува
51,13 евра. Вкупната продажна
вредност на емисијата изнесува 2.505.370 евра.

Правата кои произлегуваат од
сопственоста на овие акции се право на глас во Собранието на друштвото, право на исплата на дел од добивката
(дивиденда) и право на
исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на
друштвото. Акциите гласат на име. Секоја акција која
дава право на глас, дава право на еден глас во Собранието на друштвото. Дивиденда нема
да се исплатува за оние деловни години во кои друштвото нема да оствари
добивка.

За ова благослов треба да даде Комисијата за хартии од вредност.

„Постапката
на запишувањето и уплатата на акциите ќе почне најдоцна во рок од 30
календарски дена од денот на приемот на одобрението за издавање на акции од
страна на Комисијата за хартии од вредност… Постапката за запишување и уплата на акциите
ќе се врши преку Македонската берза на хартии од вредност, а ќе се спроведе
преку овластените учесници – членки на берзата и депозитарот. Акциите се уплатуваат во пари“, се вели во објавата.

За време на запишувањето, сите
уплати од купувачите за запишаните хартии од вредност се чуваат на посебна
сметка во банка, која не може да биде користена од страна на издавачот се
додека јавната понуда не биде успешно завршена.

Јавната понуда ќе се смета за
успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60 отсто од понудените акции со оваа емисија.

Доколку јавната понуда не се
реализира, таа ќе се смета за
неуспешна, а сите запишувања на обични акции ќе се поништат и сите примени уплати за обични акции, зголемени за
депозитна камата, се враќаат
најдоцна во рок од седум дена од денот на објавување на неуспешната понуда.
Доколку пред истекот на рокот за запишување и уплата на акциите, се запишат и
уплатат 100 отсто од
понудените акции со емисијата, Друштвото ќе ја прекине постапката и преку
соопштение за успешно реализирана емисија ќе ја извести Комисијата за хартии од
вредност и јавноста.

Издавањето на оваа емисија ќе се
објави преку Проспект за јавна понуда за издавање на обични акции и Покана за
запишување и уплата на обични.

Од Одборот наведуваат дека доколку успее оваа докапитализација, тоа ќе
донесе до оптимална капитализираност во наредниот период која ќе
овозможи надминување на финансиски предизвици кои произлегуваат од отплата на
долгови по основ на заеми.

„Докапитализација истовремено ќе овозможни понатамошен непречен раст
и развој на Друштвото, согласно природата, видот и обемот на активностите што
ги врши Друштвото и ризиците на кое изложено како резултат од тие активности“, се вели во објавата.

Вабтек МЗТ е формирана од три индустриски гиганти
од САД и Франција, има производствени погони ширум светот, а во Македонија има
370 вработени. Во својот производствен капацитет работи по исклучително висока
технологија, а деловите се користат во најпознатите метро сообраќајници.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy