
„Кој е следен?“ со нови барања: Транспарентност за „Пулс“, но и за „Беса Транс“, „Онкологија“, „Дурмо турс“ и модуларната болница во Тетово
Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ на т.н. Народно Собрание побара од институциите итно и целосно да ја објават документацијата за дискотеката „Пулс“, каде животот го загубија 59 млади луѓе. Но, за првпат иницијативата го проширува барањето, барајќи транспарентност и за други трагични случаи – „Беса Транс“, „Дурмо турс“, „Онкологија“ и модуларната болница во Тетово.
Тој побара и морална одговорност од приватниот сектор, особено од коморите и угостителските здруженија, да ги едуцираат своите членови како да обезбедат услови за безбедност на гостите.
Ефтимов повтори дека иницијативата не е дел од никакви политички структури, ниту има поддршка од партии. Посочи дека нивните членови сами ги покриваат трошоците за присуство на собирите и дека се разочарани од пратениците кои не учествуваат во јавната дебата во Собранието.
Од иницијативата излегоа и со нови, конкретни предлози – формирање на јавен софтверски систем преку кој граѓаните во реално време ќе можат да следат кој инспекторат, кога и кого проверил, но и каде не се спроведени контроли.