Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е следен: Ние не бараме поддршка од политичките партии, затоа што институциите работат за граѓаните, а политичките партии работат за себе
Македонија

Кој е следен: Ние не бараме поддршка од политичките партии, затоа што институциите работат за граѓаните, а политичките партии работат за себе

28/03/2025

AA

Ние не бараме поддршка од политичките партии, бараме поддршка за нашите барања од институциите. Затоа што институциите работат за граѓаните, а политичките партии работат за себе, велат од граѓанската иницијативата „Кој е следен?“.

„Политички партии кои во овој момент или во минатото активно учествувале во креацијата, развојот и во одржувањето на ваквиот трул систем кој со децении ја крои и пеплосува македонската општествена реалност, не може да бидат наши сојузници!

Овој систем е ваше чедо, продукт на вашите пропусти и лаги, на вашите тајни договори и намерни заташкувања. Продукт на вашето селективно изразување поддршка и на вашите постојани грешки.

Нашиот одговор е: не, фала. Од вас не сакаме поддршка. Очекуваме оставки, одговорност и систем што функционира. „Кој е следен?“ се роди токму поради Вашата нефункционалност – местото не Ви е до нас!

Затоа упатуваме јасна порака до сите политички партии:

Порака до опозициските партии:
До СДСМ: Со кој легитимитет денес ја поддржувате борбата за правда, кога токму вашето владеење придонесе овие барања да постојат? Ја одбиваме вашата „поддршка” бидејќи ваквите обиди за приклонување не само што се провидни, туку и навреда за сите оние кои со години се борат против неправдите на овој корумпиран систем, од кој вие самите сте дел и помогнавте да се изгради. Нема потреба да се согласувате со барањата на „Кој е следен“ – тие се токму адресирани и до вас. 

Воедно, не сакаме поддршка ниту комуникација со ДУИ – партија со клучна улога во креирањето на системот кој наместо да штити, дозволува насилство и неказнивост. ДУИ е симбол на корупцијата, клиентелизмот, политички притисоци и институционалниот распад. Дел од најсериозните системски девијации се токму нивно наследство.

Се оградуваме и од јавната поддршка на Левица – доколку сакате да го смените системот, дејствувајте преку механизмите со кои располагате во Собрание, а не со евтин хаштаг популизам.

Порака до партиите кои се на власт (ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН):
Доколку навистина го разбирате народниот револт како што тврдите, повикајте на обединување, бидејќи тоа ни е денес најпотребно, во тој случај нема да има потреба од манипулации, пропаганда против наши членови и ширење страв и омраза, туку ќе ги искористите механизмите кои ви стојат на располагање и ќе ги остварите нашите барања – неселективно и без компромис за ‘своите’ луѓе.

Ја имате сета моќ во ваши раце. Очекуваме одговорност, транспарентност и итни мерки за заштита и безбедност на граѓаните. Вашиот досегашен однос, придружен со вулгарна реторика, укажува на опасно оддалечување од демократски вредности и нe води кон вистински системски промени. Време е за сериозно преиспитување и одлучна промена на правецот во интерес на јавниот добробит и иднината на општеството.

„Кој е следен?“ не е простор за политичка рециклирана поддршка, туку граѓански повик за одговорност и вистинска промена. Партиите имаат отворен простор на дејствување и интервенции во системот преку Собранието и нивните вработени во сите институции. Наместо да издаваат соопштенија, нивните пратеници треба да се фокусираат на системски промени и конкретни решенија. Соопштенијата не значат ништо, освен обид да се присвои автентичниот народен револт.

Ние бараме правда, отчетност и темелни промени во системот – нешто што ниту една од политичките партии не успеаа да го испорачаат. Наместо поддршка на хартија и празни зборови, очекуваме конкретни дела и одговорност. „Кој е следен“ не е и нема да биде платформа за партиско поентирање. Ова е автентичен граѓански повик за правда и градење на систем кој ќе служи на сите, а не само на партиите, поради тоа што досега си слушаме само партиите, а итно ни е потребен одговор 

Системот е следен, но не забораваме кој беше претходен“, стои во соопштението на „Кој е следен?“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy