Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Кој е следен“: Граѓаните бараат итни системски промени, тоа што се случи не е несреќа, тоа е убиство!
Македонија

„Кој е следен“: Граѓаните бараат итни системски промени, тоа што се случи не е несреќа, тоа е убиство!

03/02/2025

AA

Бројноста на вчерашниот протест во Скопје, но и во повеќе градови од Македонија, како и акумулираниот гнев на целокупната јавност е доказ дека на граѓаните им е потребна ургентна системска промена. Ако не беше доволен најзагадениот воздух во светот, сеприсутен, а невидлив убиец, тука се девијантните појави кои се миленичиња на корумпираниот систем за физички да не догазат на улица. Тоа што се случи не е несреќа, тоа е убиство! – велат од „Кој е следен“.

„Ситуацијата е сензитивна и поради тоа е неопходно да се пристапи внимателно кон

прашањата и проблемите кои беа адресирани во повикот зад овој сенароден граѓански

марш. Свесни за потребата од огромни реформи во системот кој буквално секојдневно се покажува како несоодветен, дури и за физичка заштита на нашето здравје и безбедност, повикуваме на отворање на широка граѓанска дискусија, од која ќе може да произлезат прецизирани барања кои ќе понудат конкретни, долготрајни, системски решенија.

Во меѓувреме, со вас споделуваме проширени објаснувања за идентификуваните

проблеми:

Неказнивост на системот и нефункционалност на заштитата на децата и младите кои

се во судир со законот Корупцијата во институциите доведе до перманентна неказнивост, при што одговорноста за криминални дела често се избегнува. Оваа состојба не е само резултат на корумпираните елити, туку и на институционалниот систем кој не функционира во служба на граѓаните. Политичката и финансиската моќ создадоа структура која ги става институциите во функција на одбрана на привилегираните, наместо во служба на правдата.

Судството, кое би требало да биде темелот на правниот поредок, останува немоќно пред системските злоупотреби.

Овој проблем е особено очигледен во однос на децата во судир со законот. Наместо рана интервенција и соодветна поддршка, тие се оставени на милост и немилост на

нефункционалниот систем. Без индивидуализирани програми и навремено постапување, тие продолжуваат да извршуваат дела кои можат да имаат трагични последици за општеството. Последниот случај од Партизанска го потврдува тоа – сторителот кој како дете веќе бил во судир со законот, врши ново кривично дело, каде и како помлад полнолетник, а и покрај изречена воспитно-поправна мерка, со месеци останал на слобода и продолжил со криминални активности, е уште еден показател за колку е нефункционален системот.

Ако сакаме безбедно општество, мора да ставиме крај на неказнивоста и да создадеме

вистински механизми за превенција, ресоцијализација и заштита – не само на младите, туку и на целото општество.

Недоволна безбедност во градовите

Нашите градови се уништени. Скопје, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Гостивар – ниту еден од нив повеќе не нуди нормален живот. Наместо простори за солидарност, културно споделување и заеднички развој, тие се претворени во арени на борба за опстанок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy