
Кој ќе седне во ДИК? – Џафери вели да ги прочитаат законите, опозицијата му врати: Друже Талатче прекршувањето се казнува со бегство во Будимпешта!
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во изјава за медиумите говорејќи за барањето на албанската опозиција за местото на членовите во ДИК, рече дека не може да дефинира дали местото и припаѓа на албанската опозиција.
„Доколку има дилеми дека нема да го дадат, има одредена процедура во Собранието. Секој пратеник може да иницира автентично толкување на правните норми и да дефинира што е што. Не е мое да одредувам кому што и како припаѓа, има процедури, има правила, има закони. Нека ги прочитаат законите, нека ги применуваат законите. Тоа што ќе го предложам ќе биде на дневен ред“, порача Џафери
На ова одговор следуваше веднаш и од генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими.
Тој преку статус на српски јазик му понуди на претседателот на Собранието да ги разгледа законите за избор на членови во ДИК.
„Друже Талатче, прочитајте го доследно Изборниот законик. Инаку прекршување на законот се казнува преку бегство во Будимпешта – Унгарија“.
