Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е Раде Трајковски-Штекли и зошто е мета?
Македонија

Кој е Раде Трајковски-Штекли и зошто е мета?

24/10/2023

AA

Пред шест години името на Раде Трајковски викан Штекли ги опколи македонските медиуми кои го поврзаа со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Но подоцна осомничен и обвинет беше Филип Секуловски- Кобра.

Сепак, кога се случи немилиот настан, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во крвавиот чин.  Штекли, на денот на убиството, на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од Белград.

Во 2021 година Шеткли беше уапсен во Белград поради тогашното поврзување со убиство извршено во Македонија. За него имаше распишано и меѓународна потерница.

За потсетување, убиството на младиот фудбалер Марин Јанушев беше извршено на 3 ноември 2017 година, кога  осудениот Кобра излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога.  Според пресудата, со која беше осуден на 9 години и четири месеци затвор, Секуловски попладнето стигнал пред зградата каде што живеел Јанушев, откако претходно го повикал „да се пресметаат“. Иако и Јанушев кај себе го имал пиштолот на татко му, обвинетиот прв извадил пиштол марка „црвена застава“ и го застрелал со пет проектили.

Летото на крајот од август, Штекли беше повторно мета. Но тогаш најверојатно го спаси блендираниот автомобил во кој се возел. Сепак, пукањето од страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај езерото Треска, се толкува како порака што одредена криминална група сака да ја испрати. Штекли не се поврзува со последните мафијашки убиства, но многу индиции водат кон новокомпонираната група „Барон“

СЀ ВОДИ КОН „БАРОН“ (анализа на Фокус)

Името на Штекли во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран. Неговото име не се споменуваше ниту во последните мафијашки пресметки, кои почнаа со убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.

Со двојното убиство во „Шиша бар“ под скопско Кале почна ново прегрупирање во скопското подземје.

Брзо по двојното убиство, во Приштина беше убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил.

На околу еден километар од убиството беше најден запален автомобил со германска регистрација. Косовските медиуми тогаш објавија дека Даци бил осомничен токму за убиството во „Шиша бар“.

Според официјалните документи, семејното презиме на Бљерим е Даци, а го сменил во Шабани, откако издржал 18 месеци затвор во Пакистан како припадник на Ал каеда.

Еден месец по убиството во Приштина, во апартман во Ханиоти, на Халкидики убиен беше и неформалниот водач на „Дуќанџик“, триесет и деветгодишниот Орхан Ибраими-Оки.

Со убиството на Оки, криминалната група „Дуќанџик“ остана обезглавена. Токму оваа група беше главна во подземјето во постојана ривалска битка со другата група „Беланоца“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од

26/09/2026
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45811
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од Радовиш со години го работеле

26/09/2026

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца радовишани, кои неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy