Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е најверниот навивач на ФК „Силекс“? Лани му донираше 500.000 евра!
Економија

Кој е најверниот навивач на ФК „Силекс“? Лани му донираше 500.000 евра!

15/12/2023

AA

ФК „Силекс“ лани немал приходи од продажба на влезници ниту од телевизиски права. Неговиот буџет во целост е составен од донации од компании од холдингот на АД „Силекс“. Најголем донатор лани била националната телевизија „Сител“ со донација од половина милион евра

Фудбалскиот клуб „Силекс“ можеби нема многу навивачи, но сигурно ги има најверните и најдоследни поддржувачи кога треба да се брцне во џеб и да се покаже поддршка на дело!

Официјалните финансиски показатели за 2022 година на еден од најуспешните македонски фудбалски клубови покажуваат дека повратникот во македонската елитна фудбалска лига имал на располагање буџет од 845.500 евра! Тоа е голема и повеќе од пристојна сума пари за македонскиот фудбал.

Интересно е тоа што ФК „Силекс“ лани немал ниту денар приходи од продажба на влезници, ниту пари од телевизиски права. Единствените приходи на клубот од Кратово се донациите и спонзорствата од неговите поддржувачи.

А најголем фан на ФК „Силекс“ лани била националната телевизија „Сител“. Според финансискиот извештај на независната ревизија лани оваа телевизија, која важи за најгледана во Македонија, донирала половина милион евра и обезбедила 60 отсто од сите приходи на фудбалскиот клуб во таа година.

Други донатори на клубот биле уште три фирми од холдингот „Силекс“. Тоа се друштвото специјализирано за производство сунѓери „Силпен“ од Кратово. Таа фирма донирала 81.300 евра. ФК „Силекс“ лани со донации го помогнале и АД „Силекс“ со 20.000 евра и „Силкрат“ со 11.000 евра.

Од друга страна ФК„Силекс“ лани во својата повратничка сезона во Првата македонска лига потрошил 840.000 евра. Најголема расходна ставка се трошоците за фудбалерите и вработените лица во клубот. За таа намена во текот на 2022 година клубот на плати и надоместоци потрошил 554.000 евра, а уште 274.000 евра се трошоци потреби за останатото оперативно работење на клубот.

Добивката на крајот на 2022 година на акционерското друштво ФК „Силекс“ изнесува 4.200 евра. Во однос на претходната година добивката во 2022 година е намалена за 50 отсто.

ФК „Силекс“ е фудбалски клуб со најдолг прволигашки стаж во независна Македонија. Од првото првенство одржано во 1992/93 година па до сега (сезоната 2023/24 година) ФК „Силекс“ само една сезона не играл во прволигашка конкуренција. Три пати бил првак на Македонија, а два пати го освоил и Купот на Македонија. ФК „Силекс“ постои од 1965 година и е еден од најмладите македонски фудбалски клубови.

Р.Ф.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy