Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е најголемиот производител на грозје во Македонија? Заработи 6,6 милиони евра за една година!
Економија

Кој е најголемиот производител на грозје во Македонија? Заработи 6,6 милиони евра за една година!

01/04/2024

AA

Во годината која заради климатските фактори беше една од полошите за лозарите кавадаречки ГД – Тиквеш успеа да ја зголеми продажбата за 29 отсто, а од извоз на грозје да инкасира 4,2 милиони евра

Кавадаречката аграргна компанија „Гоце Делчев“ ГД – Тиквеш е најголемиот производител и продавач на винско и трпезно грозје во земјава. Најновите податоци од финансискиот извештај за 2023 година покажуваат дека оваа компанија успеала да продаде винско и трпезно грозје за вкупно 6,6 милиони евра. И тоа во годината во која заради климатските услови и влажното лето родот беше помал од очекуваниот.

Сепак ГД – Тиквеш успеа да ја зголеми својата продажба за 29 отсто односно за 1,5 милиони евра.

Оваа кавадаречка компанија одгледува грозје на повеќе од 1.000 хектари лозови плантажи во највинскиот македонскио регион – Тиквешијата. Од тоа околу 70 отсто се плантажи за винско грозје, а 30 отсто се плантажи за трпезно грозје кое вистински деликатес на домашните трпези и за извоз.

Според структурата на билансот на успех лани оваа компанија на домашниот пазар пласирала грозје во вредност од 2,4 милиони евра. ГД – Тиквеш е значаен извозник на македонско грозје. Од извоз лани наплатиле 4,2 милиони евра. За почит и пофалба е фактот што оваа домашна компанија лани успеала да го зголеми извозот за 15 отсто во однос на 2022 година.

Сепак не е се идеално. Големиот раст на приходите на ГД -Тиквеш е проследен со поголем раст на неговите оперативни расходи. Нивната вкупна вредност во 2023 година достигнала 6,33 милиони евра односно 18 отсто повеќе од претходната споредбена 2022 година. Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и материјали во износ од 2,86 милиони евра. Во однос на претходната година се зголемени за 30 отсто. За ангажман на вработени лица оваа компанија платила 1,27 милиони евра и тоа е втора најголема расходна ставка.

Заради зголемените оперативни трошоци и финансиски расходи оваа компанија лани работела со добивка која е преполовена во споредба со 2022 година. Минатата година добивката на ГД – Тиквеш изнесувала 115.00 евра.

Оваа кавадаречка компанија успеала за период од три години да ја зголеми продажбата на грозје за 60 отсто. Но паралелно со тоа податоците покажуваат преполовување на оперативната добивка. 

Доминантен сопственик на оваа компанија е Ристо Милев од Кавадарци. Тој поседува 82 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy