Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!
Економија

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!

22/04/2024

AA

„Тетекс“ е прва компанија во македонската корпоративна историја која јавно со одлука на собрание на акционери одобри награда од 5% од нето добивката за нејзиниот генерален директор. Бобан Гоговски од неговото раководење со „Тетекс“ за 2023 година ќе добие менаџерски бонус (предвиден во неговиот договор за работа) во вредност од 72.900 евра

Бобан Гоговски, генерален директор и извршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ доби 72.900 евра  награда (односно бонус) од компнаијата со која раководи. Ова е прв случај во македонската корпоративна историја некоја компанија чија акција котира на Македонска берза транспарентно да ја објави одлука за персонална награда односно бонус на својот генерален (прв или извршен н.з.) директор.

Во одлуката од акционерското собрание на „Тетекс“ одржано во петокот на 19 април акционерите одлучиле да го напрадат Гоговски за успешност, согласно со член 6 од неговиот договор со „Тетекс“ со 5 отсто од добивката (по одбивање на данокот и одбивање на износот одпределен за законски резерви). Линкот до одлуката е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67489

Со оваа одлука „Тетекс“ ќе издвои 5 отсто од нето добивката намалена за износот за законски резерви и ќе му исплати 44,8 милиони денари (72.900 евра) на Бобан Гоговски. Нето добивката на „Тетекс“ за 2023 година изнесува 1,53 милиони евра. А од тие пари како дивиденда на сите свои акционери „Тетекс“ ќе исплати безмалку половина односно 729.600 евра.

Бобан Гоговски, освен директорскиот бонус, од „Тетекс“ ќе наплати пари и од дивиденда. И тоа ќе бидат 6,67 отсто од сите пари предвидени за дивиденда. Онолку колку што и поседува акции во таа компанија кои ги наследи од неговиот татко Глигорие Гоговски, поранешен, долгогодишен прв човек на македонскиот текстилен гигант „Тетекс“.

Бобан Гоговски од дивиденда на неговиот акции ќе наплати нешто над 43.000 евра нето износ. Заедно од менаџерскиот бонус и дивиденда Бобан Гоговски ќе приходува над 115.000 евра од „Тетекс“ за 2023 година. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy