Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ЌЕ ДАДЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА ДВАТА ДУЌАНИ – јавно наддавање со почетна цена од 174 илјади евра, еве кој е продавачот
Економија

КОЈ ЌЕ ДАДЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА ДВАТА ДУЌАНИ – јавно наддавање со почетна цена од 174 илјади евра, еве кој е продавачот

23/02/2023

AA

Се продаваат два
дуќани во Кисела Вода. Едниот од 99, а другиот од 150 метри квадратни, за
вкупна почетна цена од 174 илјади евра.

Продавач е
Агенцијата за управување со одземен имот, државна институција чија главна
задача е да го продава имотот кој судските органи успеале да го одземат од
извесни криминални актвности, а потоа парите што ќе ги заработи од тие продажби, да ги уплаќа во буџетот на државата.

„Се врши продажба
на одземен недвижен имот на улица Огњан Прица, број 1, КП 109“, се вели во
огласот, и се наглаува дека двете деловни простории се во станбени згради, а
нивните површини се од 99 и 150 метри квадратни.

Почетната цена на
овој имот од 174 илјади евра ја утврдило Бирото за судски вештачења.

Сите
заинтересирани имаат време да се пријават до 27 овој месец, а самото јавно
наддавање ќе се изврши точно на први март, се наведува во огласот.

Притоа, треба да
се има предвид цената од 174 илјади евра е утврдена како почетна, што значи
дека предност на електронското јавно наддавање ќе има оној што ќе понуди
највисока цена.

Другите услови се
еднакви како и во другите огласи. Па така, она што е правило и што важеше за сите претходни аукции, е дека
сите кои ќе сакаат да учествуваат на аукцијата, ќе мора да депонираат и сума од
10 отсто од утврдената почетна цена на
дуќаните, или 17,4 илјади
евра
, која, доколку не
победат на наддавањето, ќе им биде вратена.

На ова јавно наддавање ќе можат да учествуваат сите, освен
осуденото лице или она против кое се водела кривичната или прекршпочната
постапка, како и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот.

За победник на јавното наддавање ќе се смета оној кој ќе даде
највисока цена што ја дал последен на јавното наддавање.

Фактор неодамна
пишуваше дека освен шесте милиони евра кои ги искешира од Мијалков и кои ги
уплати во буџетот на државата, Агенцијата за управување со одземен имот, во
другиот дел од времето работи „на ситно“ продавајќи одреден движен имот
запленет од криминални активности, но за кој се добиваат мали пари.

Агенцијата на
последниот оглас продаваше тетовски автобус, со почетна цена од 18 илјади
евра, а претходно пак кварцен камен од општина
Ранковце, по почетна цена од 25 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy