Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР, А КОЈ ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА МРТ? ЗНМ апелира на законска и фер постапка
Македонија

КОЈ ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР, А КОЈ ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА МРТ? ЗНМ апелира на законска и фер постапка

17/04/2026

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја нагласува потребата изборот на раководните позиции, директор и заменик-директор, во Македонската радио-телевизија (МРТ) да се спроведе низ транспарентен, инклузивен и кредибилен процес, со јасен фокус на квалитетот на кандидатите и заштитата на јавниот интерес.

„Имајќи предвид дека рокот за оваа постапка истече на 15 април, сметаме дека е од особена важност целиот понатамошен тек на постапката да се води транспарентно и во целосна согласност со законските одредби, со доследно почитување на институционалните процедури и принципите на правната сигурност“ – се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ апелира изборот да се води врз основа на професионален интегритет, релевантно искуство на кандидатите, јасна визија и реален капацитет за унапредување на работата на јавниот сервис.

„Истовремено, неопходно е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се почитува целосно и доследно во сите аспекти на постапката, без селективен пристап и без отстапки, со цел да се обезбедат легитимност, правна сигурност и доверба во постапката.

Квалитетниот и внимателно спроведен изборен процес е суштински предуслов за справување со предизвиците со кои се соочува јавниот сервис во служење на јавниот интерес. Само на тој начин може да се придонесе кон зајакнување на професионалните стандарди, независноста и севкупниот капацитет на МРТ да работи во интерес на граѓаните.

Оттука, очекуваме новото раководство со одговорен и стратешки пристап да придонесе кон унапредување на јавниот сервис, преку јасни развојни приоритети, професионално управување, посветено зајакнување на дописничката мрежа и јасна определба за работа во јавен интерес“ – вели ЗНМ во соопштението и додава дека останува конструктивен партнер во следењето на овој процес и во поддршката на сите напори што водат кон силен, независен и професионален јавен радиодифузен сервис.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46068
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите добија оценка „импресивно“ од Европската

08/10/2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги демантирала лагите со кои лидерот на СДСМ Венко Филипче и опозицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy