Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ДИРЕКТОР ЗАРАБОТУВА 79.000 ЕВРА БРУТО ГОДИШНА ПЛАТА?
Економија

КОЈ ДИРЕКТОР ЗАРАБОТУВА 79.000 ЕВРА БРУТО ГОДИШНА ПЛАТА?

12/04/2024

AA

Добивката на Македонската берза за хартии од вредност лани е 6 пати помала во споредба со 2022 година. Добивката на берзата е двапати пониска од годишната бруто плата на нејзиниот извршен директор. Оваа уникатна фирма со 13 вработени за бруто плати лани издвоила над 305.000 евра и тоа е најголема ставка во структурата на трошоци. При тоа бруто платата на извршниот директор е над 6.500 евра месечно, а просечната бруто плата за другите вработени е помалку од 1.580 евра месечно.

Македонската берза за хартии од вредност лани изгубила 27 отсто од приходите од провизии за тргување во однос на 2022 година, покажуваат нејзините официјални податоци објавени на следниот линк https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%20%D0%A0%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D0%A4%D0%98%202023%20%D0%B8%20%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%BE%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%20%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D1%8020240409121649.pdf

Во тие услови добивката на Македонската берза за хартии од вредност лани е шест пати пониска во споредба со 2022 година. Профитот на оваа уникатна компанија, единствен во Македонија оператор на пазарот за капитал, лани изнесува само 35.000 евра. Приходите од продажба во 2023 година биле 532.000 евра и тоа е за речиси 200.000 евра помалку од 2022 година.

Но финансискиот резултат на Берзата не е пречка нејзиниот извршен директор на земе годишна бруто плата (со вклучени надоместоци) во износ од 79.000 евра за цела 2023 година.

Само за споредба, годишната бруто плата на извршниот директор Иван Штериев лани е 2,2 пати поголема од добивката што под негово водство ја остварила компанијата што тој ја предводел.

Кога се анализираат расходните ставки на Македонската берза се гледа дека најголем трошок се вработените. За нивните бруто годишни плати и надоместоци компанијата издвоила 305.700 евра. За сите останати оперативни трошоци се платени 181.000 евра, а за надомест за работењето Берзата на регулаторот на финансискиот пазар КХВ му ислатила 106.000 евра.

Берзата лани имала 13 вработени. А кога се анализираат трошоците за вработените очигледно е следново: просечна плата по вработен со исклучок на директорот е 1.574 евра по вработен. Просечната месечна бруто плата на Штериев била 6.566 евра. Разликата е повеќе од евидентна, а бруто исплатениот износ за Штериев во вкупниот износ за плати учествува со 26 отсто.

Но едно на Штериев треба јавно да му се признае. Тој е еден од ретките, а веќе можеби и единствен директор на акционерско друштво кој го почитува Законот за трговски друштва и не ја крие, туку јавно ја објавува својата плата во годишниот ревидиран финансиски извештај. И по овој критериум Македонската берза е за пример.

Само за потсетување, најголем акционер во Македонската берза е Загребската берза која поседува 30 отсто од акциите. Најголем домашен акционер е „Шпаркассе банка“ со 19,5 отсто од сите акции со право на глас. „Комерцијална банка“ поседува 10 отсто, Стопанска банка Скопје има 9,9 отсто, а НЛБ Банка има 6,1 отсто, а друштвото што управува со отворени инвестициски фондови има 5,5 отсто. ЦКБ Банка и УНИ Банка имаат по 5,3 отсто од акциите. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy