КОЈ БЕШЕ СЕГА ПОЧИНАТИОТ БУТАРИС? Голем пријател на Македонија
На 82 години почина Јанис Бутарис, поранешен градоначалник на Солун по потекло од Крушево кој се залагаше за нормализирање на односите помеѓу Македонија и Грција.
Веста за неговата смрт ја потврди компанијата за производство на вино „Кир-Јани“, што Бутарис ја основа и водеше со неговите двајца синови.
Во земјава дојде неколку пати, а имаше средби и со македонски политичари и вистински работеше на зближување на двете земји, за што добиваше и критики во Грција.
Тој е син на винарот Стелиос Бутарис и фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево.
Роден на 13. јуни 1942 година во Солун, тој беше бизнисмен, политичар, енолог.
Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина. Речиси 30 години работеше во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 година ја формираше сопствената винарија „Кир-Јани“.
Фото: Википедија