Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој акционер наплати еден милион евра дивиденда од „Комерцијална банка“?
Економија

Кој акционер наплати еден милион евра дивиденда од „Комерцијална банка“?

17/11/2023

AA

Анализата на финансискиот извештај на најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ покажува дека неговата основна дејност во добивката учествува со само 31%. Другите 69% од добивката која изнесува 3,14 милиони евра е микс од дивиденда наплатена од неговите акции во „Комерцијална банка“ во комбинација со прокнижената капиталната добивка од зголемената пазарна цена на тие акции чиј сопственик е „Гранит“

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ во првите девет месеци годинава наплати еден милион евра од дивиденда на своите акции во „Комерцијална банка“. Доколку дивидендниот принос од акциите се спореди со оперативната добивка излегува дека најголемата градежна компанија во првите девет месеци заработила повеќе пари од наплатената дивиденда одошто од оперативното работење,покажуваат официјалните податоци содржани во неконсолидираниот биланс на успех јавно достапни на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност.

„Гранит“ во „Комерцијална банка“ купи поголема количина акции (но помалку од 5%) во втората половина на 2017 година. Тогаш од акционерската структура на банката излезе шведски инвестициски фонд, а акции купија покрај „Гранит“, Чифлиганец преку неговата компанија „Адора инженеринг“, Фатмир Етеми и гигантот за трговија на мало со горива „Макпетрол“.

Од оваа перспектива, по шест години, од купувањето на акции излегува дека менаџментот на „Гранит“ направил добра зделка. Затоа што акциите кои тогаш ги купија беа на цена пониска од 6.000 денари за акција. Сега последната цена на акцијата на „Комерцијална банка“ ја проби психолошката граница од 13.700 денари и постави нова рекордна годишна цена. Тоа значи дека капиталната добивка на „Гранит“ во моментот е поголема од 120% од куповната цена. Но, вложувањето во акции на таа банка во тој момент не беше само деловно-инвестициски потег. Тоа беше стратешка поддршка за банката со која „Гранит“ има долгогодишно стратешко партнерство.

Како и да е ако треба сега да се даде слика за интензитетот и конјуктурата на градежната оператива како бизнис анализата на изворите на добивка покажува дека градежната перспектива не е нај сјајна. Затоа што оперативата не носи пари колку што носи дивидендата од една акција. Иако овде мора да се каже дека годинава за „Гранит“ според оперативното работење е многу подобра од претходната година.

Како „Гранит“ има двојна добивка од акцијата на „Комерцијална банка“?

Првиот елемент во добивката на инвеститорот „Гранит“ во акцијата на „Комерцијална банка“ го образложивме погоре и тоа е дивидендниот принос што изнесува над еден милион евра.

Вториот елемент од билансот на успех едобивката што друштвото ја книжи како нето останата сеопфатна добивка. За првите девет месеци износот на оваа добивка е 1,37 милиони евра. Оваа ставка е резултат на зголемената пазарна вредност на акциите на „Комерцијална банка“ на денот на пресекот односно денот кога е правен извештајот (30.9.2023 година).

Акцијата на „Комерцијална банка“ по двата основи во вкупнат добивка на „Гранит“ учествува со 2,18 милиони евра (по одбивањето на финансиските расходи кои се резултат на оперативното работење). Вкупната сеопфатна добивка на „Гранит“ е 3,14 милиони евра. И во неа оперативната добивка на „Гранит“ за периодот јануари – септември учествува со 31% и изнесува 966.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy