Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА ТЕТОВСКА КОМПАНИЈА УСПЕА МИНУСОТ ДА ГО ПРЕТВОРИ ВО ПЛУС – од загуба од 360 илјади евра, до добивка од 180 илјади
Економија

КОЈА ТЕТОВСКА КОМПАНИЈА УСПЕА МИНУСОТ ДА ГО ПРЕТВОРИ ВО ПЛУС – од загуба од 360 илјади евра, до добивка од 180 илјади

26/02/2025

AA

Чиста добивка од 180 илјади евра
можеби и не е некој резултат за голема пофалба, но ако се има предвид дека
претходната 2023 година била завршена со загуба од 360 илјади евра, ланскиот
профит на „Жито полог“ најмалку барем треба да се поздрави од деловната
заедница во земјава.

Компанијата
која е лоцирана во Тетово и чија основна дејност е производство на мелнички и
пекарски производи, тестенини и јајца, а поседува и сместувачки капацитети за
житни култури, сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна
храна, ги објави своите биланси за минатата година.

Билансот на успех говори дека тоа акционерско друштво во
2024 година имало приходи од 4,8 милиони евра, што е одличен резултат, односно
раст за 25 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Но, не пораснале клучните приходи, а тоа се приходите од
продажбата, туку најголем раст има кај останатите оперативни приходи.

Да
одиме со ред.

Вкупните
приходи од продажбата лани изнесувале 3,7 милиони евра, што е само незначително
и минимално намалување за еден отсто во однос на истиот период од претходната
година.

Од
продажбите на домашниот пазар компанијата инкасирала 3,25 милиони евра, што е
извесно потфрлање, односно намалување за 12 отсто во однос на 2023 година.

Затоа, пак, драматично натфрлање има кај приходите од
продажба на странскиот пазар, кои инаку се мали како учество, односно во 2024
година од нив се оствариле приливи од 451 илјади евра, но затоа растот во однос
на претходната година е огромен и изнесува дури 617 проценти.

Но, уште подраматичен раст има кај останатите приходи од
дејноста, кои всушност го прават целиот добар скор на приходната страна, и
покрај благото затајување кај приходите од продажбата. Имено, останатите
приходи од дејноста и донеле на компанијата дури 1,1 милиони евра ланската
година, што во однос на претходната е пораст за 1.415 проценти.

Да ја
погледнеме расходната страна.

Оперативните расходи се на ниво од 4,45 милиони евра или
тоа е раст за 14 проценти.

Набавната
вредност на трговските стоки е расходна ставка од 870 илјади евра, но кај неа е
забележано ненормално зголемување за дури 2.561 процент, што е повеќе од
драматичен пораст.

Затоа,
пак, се намалиле трошењата кај една друга расходна ставка, која е многу
поголема, а тоа се трошоците за суровини и други материјали, за кои се поарчиле
безмалку два милиони евра, но тоа е намалување за 20 отсто во однос на истиот
период од претходната година.

Кај
останатите трошоци од работењето расходот е 381 илјади евра и тие се зголемени
за 56 проценти.

А, за своите вработени, односно за плати и други
надоместоци, „Жито полог“ издвоил 901 илјади евра, што е раст за 9 проценти во
однос на претходната 2023 година.

Па така, на крајот оперативната добивка на компанијата
била на ниво од 211 илјади евра, но поради повисоките финансиски расходи од
приходи и после плаќањето на корпоративниот данок од 10 отсто, нето добивката
изнесува 179 илјади евра, што се смета за солиден резултат, ако се има предвид
загубата од претходната година од 357 илјади евра.

Во своето образложение од финансиските резултати уште од
компанијата нагласуваат дека во 2024
година не била исплатена дивиденда, како и дека вкупните инвестиции во основни
средства изнесуваат околу 35 илјади евра.

Вкупните единечни обрски по кредити изнесуваат 1,12
милиони евра, што претставува намалување од 12 отсто во однос на претходната
година.

За наредниот период, друштвото, како што велат во своето
образложение, прави напори за подобрување на финасиските резултати и одржување
на ликвидноста. „Во наредниот период ќе бидат преземени активност со цел
изнаоѓање на нови пазари, подобрување на квалитетот и асортиманот на
производите“, велат од раководството на Жито полог.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy