Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која македонска банка плати 1,3 милиони евра на пет врвни директори? Тие и вратија со профит од 35 милиони евра!
Економија

Која македонска банка плати 1,3 милиони евра на пет врвни директори? Тие и вратија со профит од 35 милиони евра!

16/03/2023

AA

„Комерцијална банка“ лани за сите свои вработени исплати 1,1 милијарда денари (17,8 милиони евра). Тројцата врвни директори (членови на Управен одборо) за својата работа поделија 1,34 милиони евра, а менаџерскиот тим што брои 51 лице за својот ангажман наплати 2,66 милиони евра. Две лица кои се надлежни за функции на контрола лани биле наградени со 125.000 евра. Очигледно дека мотивацијата и грижата за вработените дава плод. Сите вработени на најголемата македонска банка лани и донесоа профит од 35 милиони евра

Вработените на „Комерцијална банка“ на акционерите на оваа најголема деловна банка, според активата, им донесоа новосоздадена вредност односно профит од 35 милиони евра.

За својот труд, лојалност и ангажам лани наплатија вкупно 17,8 милиони евра. Дополнително, банката заради негативните инфлаторни влијанија на цените на енергенсите на своите вработени на почеток на 2022 година им ги зголеми бруто платите за 5 отсто (вредноста на бодот). Ова се детали од Годишниот извештај за работењето на „Комерцијална банка“ кој е достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Најголема одговорност според тоа и најголеми заслуги во форма на плати, додатоци и награди имаат петмината членови на Управниот одбор. Управниот орган на банката е предводен од Хари Костов, долгогодишен прв човек на „Комерцијална банка“ поранешен премиер, министер за внатрешни работи, вицегувернер на Народната банка. Негов долгогодишен прв соработник е Ило Илоски кој во минатото беше директор на Царниската управа и министер. Заедно со нив во врвната управувачка структура на најголемата банка е Маја Стевкова Штериева која е главен финансов директор. Од лани Управниот одбор на банката е проширен со уште два члена: Билјана Максимовска Поповиќ, директор на корпоративно банкарство и Никола Џамбазовски директор за продажба и развој. Овие петмина членови на Управниот одбор лани добиле плати, плати за деловна успешност, регрес, новогодишен надомест, приватно здравствено осигурување, менаџерско осигурување и новогодишен надомест во вкупен износ од 1,34 милиони евра. Просечно годишно за секој член банката платила по 268.000 евра.

Средното менаџерско ниво брои 51 лице кои по истите основи како и горенаведените лани се наградени со 2,66 милиони евра. Просечно годишно по лице банката за ангажманот на секое од овие лица платила 52.160 евра.

Р.Ф.

foto freepik.com/roman-

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy