Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА КИЧЕВСКА КОМПАНИЈА „ПОТОНА“ ВО ЗАГУБА ОД 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА – новиот газда засега не се „посреќи“ со мелничко-пекарската фирма
Економија

КОЈА КИЧЕВСКА КОМПАНИЈА „ПОТОНА“ ВО ЗАГУБА ОД 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА – новиот газда засега не се „посреќи“ со мелничко-пекарската фирма

16/03/2024

AA

Огромна загуба од 3,32 милиони евра за минатата година искажа компанијата на бизнисменот Селаудин Арифи, „Жито Караорман“ од Кичево. 

Тој негативен финансиски резултат може да се види од неревдираниот Биланс на успех на компанијата, кој таа го објави преку Македонската берза.

Како што е познато, минатата година беше карактеристична по тоа што Селаудин Арифи ги презеде акциите од претходно доминантниот сопственик Сретен Миладиноски, и токму тој стана управувачки и главен акционер на компанијата. 

Од Билансот на успех се гледа дека компанијата лани сепак имала солидни приходи, кои изнесувале 1,8 милиони евра, но затоа расходите биле многу повиски и биле на ниво од 5,1 милиони евра.

На расходната страна најмногу се зголемени останатите трошоци од работењето, за кои не се знае кои се, а кои изнесувале фантастични 1,3 милиони евра. 

Во образложението кое „Жито Караорман“ го дава до Берзата е наведено дека има загуба, но не се наведени причините зошто е дојдено до толку висок негативен финансиски резултат, односно на што толку трошела компанијата, за да дојде до толку високи расходи.

„МПИ ЖИТО КАРАОРМАН АД Кичево за период јануари-декември 2023 година оствари загуба во
износ 204.113 илјади денари искажана во неревидираниот биланс на успех. Вкупните приходи во 2023 година изнесуваат 110.503 илјади денари и истите се зголемени за 12,47 отсто во однос на претходната година кога изнесувале 98.245 илјади денари. Приходите се остварени од
домашен пазар.
Вкупните расходи во 2023 година изнесуваат 314.616 илјади денари и истите се зголемени во однос
на 2022 година кога изнесувале 97.786 илјади денари“, се вели во образложението кое компанијата го испратила до Берзата. 

Сепак, од компанијата се оптимисти дека состојбите ќе се подобрат во текот на оваа година. Надежта е во очекувањата мелницата да работи со зголемен капацитет.

„Одборот на директори очекува зголемување на приходите со оглед на фактот
дека се набавија поголеми количини на пченица и се очекува мелницата да работи со зголемен
капацитет“, се вели во образложението на компанијата. 

Според последната состојба од ЦДХВ, односно во моментов, бизнисменот Селаудин Арифи има 74,19 отсто од акциите во кичевската компанија, додека, пак, 5,09 отсто од акциите поседува Сашо Крстевски.

Како што веќе има пишувано Фактор, во првото полугодие од ланската година кичевската млинско-пекарска индустрија прикажа загуба од 318 илјади евра, а после три месеци таа не само што не е намалена, туку и нараснала како „квасец“, искачувајќи се на цели 777 илјади евра на крјот на за третиот квартал од 2023 година.

Во образложението кое компанијата го даде за првото полугодие, таа кажа дека загубата се должи на сеуште високите цени на енергијата, како и на сеуште намалената функција на мелницата, што не дозволувало да се постигне планираното производство. Тогаш од „Жито Караорман“ објаснија дека во наредниот период се очекува надминување на сите овие проблеми и зголемување на приходите. 

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво. Но, тие акциите не му ги продадоа.

Претходно, Арифи беше помал акционер во компанијата, но тој докупи 51 отсто од акциите од претходниот доминантен акционер Сретен Миладиноски.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

Исто така, веќе пишувавме дека откако остана доминантен газда на кичевската „Жито Караорман“, Селаудин Арифи веројатно сега решава да се ослободи од деловите од таа компанија кои не се нејзин кор бизнис, а тоа е млинско-преработувачката дејност, па компанијата повеќе нема да биде сопственик на фирмата „Хидро кар“, која работи во делот на електричната енергија. Односно, Жито Караорман од Централниот регистер се избриша како основач или сопственик на Хидро кар, и таа компанија доби нов сопственик, чие име се впиша во Централниот регистер како сопственик.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy