Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која е златната патарина и од што МЕПСО наплати 9,1 милиони евра?
Економија

Која е златната патарина и од што МЕПСО наплати 9,1 милиони евра?

12/09/2024

AA

Само еден е бизнисот што не се гледа ниту слуша, а прави милиони евра. Станува збор за патиштата низ кои тече струјата од производителите кон потрошувачите. А нив ги контролира МЕПСО и за тоа добро наплаќа. Македонија можеби не е некој производител на струја, но нејзината електропреносна мрежа има голем капацитет и исклучително значење за трговијата и транзитите со струја во нашиот регион. Особено правецот север-југ и исток -југ. Поради тоа капацитетот на македонската електропреносна мрежа е наша конвертабилна предност пред соседите. Оваа година само од годишните аукции за своите четири електрични граници МЕПСО наплати закуп од 9,1 милиони евра 

Државниот електропреносен систем-оператор МЕПСО од годишни патарини наплати 9,1 милиони евра! Звучи шашаво, но е целосно вистинито.

Да, МЕПСО наплаќа пари од закуп на прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија. И тоа го прави со четири од пет наши соседни држави: Грција, Србија, Бугарија и со Косово. Би го правел и со Албанија, но немаме далекувод што ги поврзува тие два електропреносни системи.

МЕПСО го има државниот суверенитет за управување и контрола на далекуводите со кои нашиот електропреносен систем е поврзан со четирите соседни системи на горенаведените држави. Со цел непречено тргување со електричната енергија во нашиот регион, МЕПСО како и сите соседни електропреносни компании: ИПТО во Грција, КОССТ на Косово, ЕСО во Бугарија и ЕМС во Србија спроведува аукции на границите со соседните земји на кои учествуваат трговци за струја. Трговците лицитираат и закупуваат прекугранични капацитети на границите на соседни земји. Тоа им дава за право слободно да пренесуваат струја низ системите, секако откако ќе си платат на двете соседни држави односно на нивните електропреносни систем-оператори.

Парите од аукциите државите меѓу себе ги делат фифти-фифти односно по половина од вкупниот износ добива секој од систем-операторите кои прават аукции за закуп на капацитети.

МЕПСО своите аукции на кои трговците со струја закупуваат капацитети за пренос на струјата ги организира на три локации. Првата е СЕЕ ЦАО, тоа е фирма специјализирана за аукции на прекугранични капацитети лоцирана во Подгорица, Црна Гора. Во таа аукциска куќа се лицитира за закуп на македонски капацитети на границите со Грција и со Косово. За границата со Србија организираме засебни билатерални аукции со ЕМС Србија, а за македонско-бугарската граница со ЕСО од Софија.

Традиционално најпрофитабилна граница за МЕПСО е грчката. На годишната аукција за 2024 година од закуп на капацитет за пренос на струја во двата правци (од Грција кон Македонија и обратно) МЕПСО инкасираше 4,81 милиони евра. При тоа најмногу пари донесе правецот Македонија – Грција и тоа 3,68 милиони евра. Цената за закуп на еден мегаватчас изнесува 5,5 евра. Освен ова редовно МЕПСО има приходи и од месечни и дневни аукции на капацитети.

Оваа граница е најпрофитабилна за МЕПСО затоа што Грција има обемна и долга туристичка сезона што во превод значи голема потрошувачка на струја. Тој пазар за струја е атрактивен за трговците со струја и цената за пренос на електричната енергија не е прашање. Важно е да се располага со преносен капацитет.

Српско-македонската граница е втора најпрофитабилна за МЕПСО. На годишните аукции за двата правци (од Македонија кон Грција и обратно) се собрани 2,2 милиони евра. Секако поатрактивен е правецот север-југ од кој инкасиравме 1,42 милиони евра. Ова во значајна мерка е транзитен правец за трговците кои добар дел до струјата ја транзитираат од Србија преку Македонија до Грција.

Бугарско-македонската граница на МЕПСО годинава од една аукција (за двата правци н.з. односно Бугарија-Македонија и обратно) му донесе 1,2 милиони евра. Неспоредливо попрофитабилен е правецот од Бугарија кон Македонија затоа што традиционално Македонија е транзитна земја за бугарска енергија која завршува на грчкиот пазар. Од тој правец МЕПСО инкасира 1,1 милиони евра. Другите 100.000 евра се од годишната аукција за енергија кој се номинира од Македонија кон Бугарија.

Најмал, но не за потценување, е приходот што МЕПСО го остварува од закуп на капацитети на македонско-косовската граница. Станува збор за речиси 940.000 евра на годишно ниво, а струјата претежно тече од Македонија за косовски купци. Од тој правец на годишната аукција се реализирани 729.792 евра.

Повеќе детали има на следниот линк https://www.mepso.com.mk/index.php/mk/podruznici/oeps/informacii-i-izveshtai

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy