
Која е обврзницата што ќе може да се купи на Берза и носи годишна камата од 9 отсто до 11 отсто?
Супер обврзницата (од аспект на приносот што го носи н.з.) односно перпетуалната обврзница на нашиот пазар прва ја издаде Уни банка во 2019 година. Сега, четири години подоцна, таа обврзница е прв продукт на новиот сегмент на тргување на Берзата достапен за сите што би сакале да ја купат. Овој потег оваа банка ја прави пионер во корпоративната историја на македонските хартии од вредност. Уникатен атрибут на овој финансиски инструмет е тоа што нема рок за достасување од што и иде нејзиното име „перпетуална“
Историски ден на Македонската берза во нејзината 25 годишна корпоративна историја. УНИ Банка најави, а КХВ одобри да почне да се тргува првата македонска перпетуална обврзница која е издадена од УНИ Банка.
Овој финансиски инструмент е прва хартија од вредност што ќе се тргува на новоформираниот пазарен сегмент кој се вика Котација на други хартии од вредност и е достапен на следниот линк https://mse.mk/mk/issuers/other-securities-listing
Перпетуалната обврзница е особена и единствена по тоа што кај овој финансиски инструмент нема рок на достасување. Токму од овој атрибут и доаѓа името перпетуална односно народски кажано безвременска.
За прв пат оваа обврзница на нашиот пазар ја издаде УНИ Банка во 2019 година. Тогаш издадените обврзници беа наменети за приватни инвеститори и немаше план да се котираат на Македонската берза. До сега се издадени три емисии од овие обврзници.
Според наведеното во проспектот станува збор за 5.000 обврзници во вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Нивната поединечна номинална вредност е 1.000 евра.
Банката има обврска на сопствениците на овие обврзници да им исплаќа каматна стапка од 9 отсто годишно, а по петтата година годишниот принос ќе биде 11 отсто годишно. А тоа е исклучително добар принос.
Приносот на имателот на обврзницата му се исплаќа два пати во тек на година. Првиот пат е на 22 јануари, а вториот пат е на 22 јули, што значи во период од шест месеци од првата до втората исплата.
Детално за се што може да ве интересира за првата македонска перпетуална обврзница може да прочитате на следниот линк: https://mse.mk/Repository/Catalogues/MK/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%BA%D1%82%20(FINAL)_20.02.2019.pdf
Р.Ф.