
Која е најстресната работа на светот?
Истражување откри која е најстресната работа на светот.
Станува збор за професијата келнер, барем според студијата на Јужниот медицински универзитет во Кина. Наведено е дека келнерите не добиваат некоја голема награда како лекарите или другите професии.
Научниците откриле и дека стресот предизвикува многу почесто користење на цигари и алкохол кај келнерите. Долгорочната студија беше спроведена во текот на 17 години со вкупно 136.000 учесници.
foto freepik.com/boyarkinamarina