Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД – чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот
Економија

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД – чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

15/05/2024

AA

Кратовски „Силекс“ го
објави неревидирсаниот Биланс на успех за првиот квартал од годинава, а тој говори
дека речиси сите ставки се намалени, но затоа добивката е во фантастичен
пораст.

Или, за три месеци
кратовскиот комбинат успеал да прокнижи нето профит од близу 400 илјади евра,
или прецизно 380 илјади, што во однос на истиот период од минатата година е
речиси тројно зголемување, односно за цели 192 проценти.

Како тоа му успеа на
комбинатот чија основна дејност е рударството и вадењето на камен, од Билансот на успех може да се извлече заклучок
дека иако и приходите се намалиле, поголемо снижување доживеале расходите, па
така приливите се значајно повисоки од трошерњата, што создало добивка за три месеци која може да се смета и за повеќе од одлична.

Околу 4 милиони евра се
оперативните приходи кои ги објавува „Силекс“ за првите три месеци од годинава,
што значи дека таа сума е остварена од основната дејност на компанијата. Сепак,
во однос на истиот период од минатата година овој кратовски комбинат покажува
намалување на оперативните приходи за 10 проценти.

Основниот приход,
односно приходите од продажбата се всушност целата приходна ставка и тие тежат
3,89 милиони евра, што е исто така намалување во однос на истиот период лани, и
тоа за 8 проценти.

Од Билансот на успех се
гледа дека „Силекс“ многу помалку приходи остварува од продажба на домашниот
пазар, отколку во странство.

Па така, приливи од
продажба на домашниот пазар се остварени на сума од 1,34 милиони евра, што е
намалување од 7 проценти, додека, пак, од извозот на силексовите производи во
странство дошле двојно повеќе пари, односно 2,64 милиони евра, иако и кај нив
има намалување за 8 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Оперативни расходи во
првиот квартал од годинава кратовскиот комбинат направил на износ од 3,6
милиони евра, помалку од приходите, а што е уште поважно, има и значајно
намалување во однос на расходите од истиот период лани, и тоа за дури 17 отсто.

Најголемиот трошок на
комбинатот вообичаено бил оној за суровини и други материјали, за што се
исплатени 2,45 милиони евра, а што во однос на истиот период лани е намалување
за 20 проценти.

Она што е за пофалба, е
дека е зголемен трошокот за плати на вработените, за кои се дадени 865 илјади
евра, што е раст за 23 проценти во однос на првиот квартал од претходната
година.  

Финансиските приходи и
онака биле многу ниски но и значајно намалени во првите три месеци од годинава,
додека, пак, финансиските расходи стигнале до 19 и пол илјади евра, што воопшто
не е голема сума сама по себе, но има огромно зголемување од дури 420 проценти.

Сепак, сето ова прави
„Силекс“ првиот квартал да го заврши со чист профит од 380 илјади евра, што е
раст за 192 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy