Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА Е ФИРМАТА ШТО ДОНЕСЕ ЧИСТА ЗАРАБОТКА ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 9 МЕСЕЦИ, А ДИРЕКТОРОТ ЈА САКА И ГИ КУПИ СКОРО СИТЕ АКЦИИ – се наоѓа во Босилово, еве што работи
Економија

КОЈА Е ФИРМАТА ШТО ДОНЕСЕ ЧИСТА ЗАРАБОТКА ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 9 МЕСЕЦИ, А ДИРЕКТОРОТ ЈА САКА И ГИ КУПИ СКОРО СИТЕ АКЦИИ – се наоѓа во Босилово, еве што работи

17/10/2024

AA

Се занимава со
одгледување на домати, но и производство на цигли, и прави одлични заработки.
Тоа е компанијата Оранжерии Хамзали од Струмица, која затоа што е толку добра и
успешна, многу ја сака директорот, а во моментов и најголем газда. Затоа тој постојано
купува од нејзините акции, зголемувајќи го неговиот акционерски
пакет, и достигнувајќи сега над 91 отсто.

Таа компанија за девет
месеци од почетокот на оваа година успеала да направи профит од дури три
милиони евра, или прецизно 2,98 милиони, што е пораст за 14 отстово однос на
истиот период лани.

А, на што се должи оваа повеќе од солидна заработувачка?

Секако, тоа се одличните оперативни приходи, односно приходите од продажба, кои за девет месеци изнесуваат 8,11 милиони евра, што е
раст за дури 31 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Најголемиот дел се
приходите направени од продажба на домашниот пазар, и тоа 7,9 милиони евра, што
е зголемување за 30 отсто.

А, многу помалку пари
донеле продажбите на странскиот пазар, околу 213 илјади евра, но, пак, кај нив
има многу значајно заголемување, и тоа за дури 76 проценти.

Компанијата ги зголемила
и расходите, но тие се многу пониски од приходите, и тоа ја прави всушност да
биде високопрофитабилна фирма. Оперативните расходи изнесувале 4,5 милиони
евра, што во однос на истиот тајминг лани е раст за 37 отсто.

На расходната страна
најголемиот „удел“ го прават трошоците за суровини и други материјали, и тоа 2,5 милиони евра, со зголемување од 65 отсто во однос на истиот временски
период од минатата година.

Она што е позитивно и е
за пофалба е дека на вработените им се исплатени плати во вкупен износ од 1,17 милиони евра, што е раст за дури 27 отсто во однос на истиот период лани. 

Сето ова довело до оперативна добивка од 3,6 милиони евра, што означува пораст за 15 проценти.

Фирмата немала никакви финансиски приходи, но затоа имала финансиски расходи од 259 илјади евра, или има кај нив пораст од 26 проценти.

По плаќањето на овие расходи и на данокот, на Оранжерии Хамзали им останува чист профит од 2,98 милиони евра, што означува плус од 14 отсто споредено со истиот период од минатата година.

Покрај својот финансиски извештај, компанијата вчера преку Берзата го објави и фактот дека управителот Васе Митев завчера купил уште
1.230 акции или 0,17 отсто од вкупниот акционерски капитал. Со тоа, Митев сега поседува вкупно акции од 91,1 отсто, додека самата компанија има сопствени акции од 
4,6 проценти. 

Фактор пишуваше дека Оранжерии за првите шест месеци од годинава имаа добивка од 2,4 милиони евра. 

Тогаш се запрашавме дали само раноградинарските култури се тие што и ги носат овие одлични профити
на Оранжерии Хамзали, за која е интересно да се дознае и дека настанала од
трансформацијата и делбата на некогашен ЗИК Струмица, но и дека е еден од
неговите правни наследици.

Компанијата тогаш сама ја извести Берзата што е тоа што ги зголеми нејзините приходи, но тоа не беше нејзината основна дејност, односно „производство на раноградинарски култури – разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка,
компир и жито“, т
уку,
зголемените приходи се резултат на зголеменото производтво на цигли, но и
порастот на нивните цени.

„Вкупните приходи за
дедениот период се зголемени споредбено со истиот период од минатата година а
тоа се должи како резултат на зголемениот обем на прозводство на цигли, како и
пораст на цените на истите производи….“, напишале од
компанијата до Берзата. 

Фактор
се заинтересира какви се тие цигли во компанија за домати и пиперки, и
пронајдовме извештај кој говори дека компанијата уште пред неколку години
почнала да се занимава со нова производствена дејност, и тоа преку компанијата
Нова Слога Ресен 2007, која сега е регистрирана како нејзина поддружница, и тоа
за производство на цигли, керамиди и печена глина, и која всушност и ги носи
најголемите приходи и профитот, што всушност бил и главниот мотив за влез во
овој бизнис. 
Фабриката постои од седумдесетите
години на минатиот век, а во 2007 година е приватизирана и обновена од темел со
нова, најсовремена технолошка линија за производство на глинени шупливи
блокови. Има околу 70 вработени.


Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy