Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која државна фирма од камати наплаќа 122.000 евра годишно, а со години работи со загуба?
Економија

Која државна фирма од камати наплаќа 122.000 евра годишно, а со години работи со загуба?

27/01/2025

AA

Дури и од увидот во структурата на табелата која содржи само приходни ставки секој ќе се запраша што работи оваа државна фирма затоа што речиси ниту една од ставките нема директна врска со дејноста…

Државното акционерско друштво „Аеродроми на Македонија“ од камати на орочени депозити наплатило повеќе од 122.000 евра во 2023 година. Но годината ја завршило со загуба, пишува во нивниот официјален допис до Македонска берза каде имаат обврска да објавуваат финансиски извештаи.

Ова државно претпријатие со години наназад работи со загуба, но барем шест години наназад не објавува финансиски извештаи со податоци од биланс на состојба, биланс на успех и паричен тек како што тоа го прават сите други, а ги има повеќе од 100 компании, кои ја почитуваат обврската за објавување податоци на Македонската берза за хартии од вредност.

Во најновите податоци, кои на веб страницата на Македонска берза се постирани на 22 јануари годинава, а се однесуваат на работењето на државната „Аеродроми“ во 2023 година објавени се само табеларно прикажани приходи по ставки. Расходи нема, биланс на состојба нема, паричен ток исто така нема.

И кај приходите пишува дека тие вкупно изнесуваат околу 800.000 евра. А најголема приходна ставка се вонредни приходи од кои во друштвото се слеале над 530.000 евра. Со оглед на целокупната состојба во која се наоѓа ова државно претпријатие голема е веројатноста дека вонредните приходи се всушност дотација или субвенција или помош од Владата или од централниот буџет со цел да се покријат основни трошоци. Објаснување во објавата достапна на берза нема за тоа од кој основ се вонредните приходи. Од другите ставки евидентно е дека друштвото од деловен простор остварува приход од 22.700 евра, а во таа 2023 година уште 9.000 евра се приход од недвижностите кои се дадени на трајно користење. Уште 6.660 евра друштвото добило од ТАВ (турската компанија концесионер на двата комерцијални аеродроми во Македонија) и тие пари се од опрема што се дава под наем на ТАВ. Уште некои ситни приходи друштвото „Аеродроми“ остварува од финансиски приходи и од приходи од позитивни курсни разлики.

На овој Допис потпишаана е веќе поранешната директорка Миликије Халими, која беше разрешена од Владата кон крајот на декември 2024 година. Инаку таа во „Аеродроми“ беше поставена од претходната влада во октомври 2023 година, а таму дојде од местото градоначалничка на Општина Арачиново.

За жал, јавноста некое време се занимаваше со тоа дали Халими има или не соодветно образование на директорското место во „Аеродроми“, но никогаш не се занимаваше со тоа зошто ова државно акционерско друштво со години наназад работи со големи загуби. А неговите приходи не можат да ги покријат ниту трошоците за вработените.

Воедно прашање е што оперативно работи оваа државна компанија чија дејност се комерцијалните аеродроми кои пак од март 2010 година се дадени под концесија на големата и реномирана турска компанија ТАВ која е специјализирана за аеродромските дејности.

Без да коментираме за секој што сака да се информира за состојбите во „Аеродроми на Македонија“ на овој линк  ќе може да ги прочита сите недоумици и наоди на независен ревизор што го скенирал финансиското работење на оваа компанија во веќе далечната 2017 година.

Од тогаш до сега на веб страницата на Македонска берза оваа компанија не објавила извештај на независна ревизија за годините од 2018 па до 2023 година. 

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy