Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА БИТОЛСКА КОМПАНИЈА ЛАНИ СЕ „ЗАКИТИ“ СО ПРОФИТ ОД 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА – како минатата година работеше „Киро Дандаро“
Економија

КОЈА БИТОЛСКА КОМПАНИЈА ЛАНИ СЕ „ЗАКИТИ“ СО ПРОФИТ ОД 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА – како минатата година работеше „Киро Дандаро“

27/03/2025

AA

Битолската печатница покажа дека знае и умее како да работи профитабилно. Минатата година беше исклучително успешна за оваа компанија која работи во градот на конзулите, а тоа го покажуваат и податоците од нејзината завршна сметка.

Печатницата е една од најпознатите во земјава, а покрај тоа што печати за бројни познати компании од државава, како што се Европа Скопје, Витаминка Прилеп, Макпрогрес Виница, Пивара Скопје, Прилепска пиварница, Цермат Битола, АСП Охрид, Кожувчанка Кавадарци и многу други, не продава само на домашниот пазар, туку поголем дел, повеќе од половина од својот материјал го извезува и надвор од земјата. Исто така, оваа компанија е позната во домашната јавност и по редовното печатење на изборниот материјал за време на изборните циклуси во земјава. Пред неколку месеци Киро Дандаро успешно го имплементирале сертификатот за Секјурити принтинг, кој во секоја држава обично го има само по една печатница.

Во нејзиниот асортиман влегуваат производство на алуминиумска фолија, вакуум фолии, повеќеслојни фолии, снек, самолепливи етикети, мап бариерни фолии, етикети во ролна, офсет печат и слично.

Оваа компанија за минатата година може да се пофали со сосема солиден раст на приходите, но и многу посериозен раст на добивката, која е зголемена речиси двојно во однос на претходната 2023 година.

Да видиме прецизно низ бројки какви резултати покажа лани печатницата Киро Дандаро?

Имено, во текот на минатата година оваа компанија има остварени фантастични вкупни приходи на сума од 1.132.075.322 денари или нешто повеќе од 18,41 милиони евра, и во однос на претходната 2023 година тоа е зголемување за солидни 13 отсто.

Но, благодарение на рационалното работење, овој солиден раст на приходите е капитализиран со повеќе од одлична нето добивка на компанијата. Таа за 2024 година изнесувала 164.169.507 денари, што е рамно на 2,7 милиони евра. И она што е резултат за поздравување, е дека оваа чиста добивка во однос на претходната 2023 година бележи раст од дури 85 проценти, што значи дека има речиси двојно зголемување на профитот.

А, за една компанија да може да се пофали дека добро сработила многу е битно колку пораснала извозната компонента. Во минатата година Киро Дандаро го има зголемено извозот, кој, пак, во однос на вкупната реализација на компанијата изнесува 65 отсто.

Пораст има и кај ставката за исплата на плати на вработените, што мора да го прави секоја компанија која сака да држи до задоволството на својот професионален кадар.

А, компанијата мора да размислува и за инвестиции, бидејќи тие го прават прогресот. Токму од тие причини во 2025 година Киро Дандаро инвестираше во модернизација сума од 5 милиони евра, што е еден од најголемите досега износи наменет за инвестиции. Инвестициите се направени во зелена енергија, или прецизно во фотоволтаична централа од 700 киловати, како и во купување на нова незагадувачка опрема во компанијата.

Од компанијата велат и дека залихите на репроматеријали на крајот на 2024 година изнесуваат нешто над 3 милиониевра што е добра основа за работењето во 2025 година.

И за оваа година компанијата планира зголемување на реализацијата, како и на добивката.

Инаку, како што има објавено компанијата на својата веб страница, нејзината историја датира од 1944 година, само осум дена по ослободувањето на Битола. Стартувала како занаетчиска работилница на 22 вработени, за по шест децении да израсне во современа графичка индустрија, во која егизстираат околу 170 вработени, од различни профили и звања.

Во моментов со компанијата раководи Петар Милошевски, кој ја извршува функцијата генерален директор на Киро Дандаро.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy