Клучна битка за пациентите: Марјановиќ бара нов Закон за лекови против високите цени
Македонските пациенти плаќаат едни од најскапите цени за лекови на Балканот, а Ана Марјановиќ во гостувањето на 4tv.mk најави дека се води интензивна дискусија за нов Закон за лекови. Таа нагласи дека овој закон е „болна точка“ и дека е неопходно негово донесување за да се затвори просторот за манипулации и скапи паралелни увози.
„Се надевам дека овој закон ќе овозможи во Македонија веќе да не се плаќаат најскапите цени и дека ќе се промени начинот на кој се организираат тендерите,“ изјави Марјановиќ за 4tv.mk. Таа ги повика онколошките пациенти на самообразование и користење на услугите на психолозите кои се достапни на клиниката, нагласувајќи дека во современиот свет многу видови карцином веќе се третираат како хронични дијагнози доколку се следат европските протоколи.