
Клучен ден за Стопанска банка Битола – Алта Банка на прагот на македонскиот пазар
Алта Банка АД Белград соопшти дека јавната понуда за преземање на Стопанска Банка АД Битола завршува денес, 10 октомври 2025 година. Акционерите кои сè уште не ја искористиле можноста да ја прифатат понудата, тоа можат да го сторат до крајот на денот.
Според претходно издаденото одобрение од Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Алта Банка понуди да ги откупи вкупно 371.538 обични акции од Стопанска банка Битола – заедно со веќе поседуваните 19.439 акции, како и со акциите на лица кои дејствуваат заеднички со преземачот, со што понудата опфаќа 100% од издадените акции. Цената по акција е утврдена на 3.777 денари.
За успешна реализација на преземањето потребна е согласност од акционери кои колективно поседуваат најмалку 273.795 акции, односно 70,03% од вкупниот капитал на банката.
Топ 10 акционери на Стопанска банка АД Битола (според состојбата на 01.09.2025):
ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје – 66.437 акции (16,99%)
Nikola Jankovic – 19.501 акции (4,99%)
Jovica Curcic – 19.500 акции (4,99%)
Тони Јосифовски – 19.500 акции (4,99%)
ALTA GROUP DOO BEOGRAD – 19.439 акции (4,97%)
Ненад Јосифовиќ – 19.280 акции (4,93%)
ДПТУУ Тимох ДОО Скопје – 19.060 акции (4,87%)
ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје – 18.294 акции (4,86%)
Нет-Електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје – 16.232 акции (4,15%)
Скопски пазар АД Скопје – 16.019 акции (4,10%)
Вкупно, првите десет акционери располагаат со 233.762 акции, што претставува околу 62,8% од капиталот на банката.