Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клуч на врата, отпуштања и финансиски загуби им се закануваат на компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и во Владата
Економија

Клуч на врата, отпуштања и финансиски загуби им се закануваат на компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и во Владата

07/03/2024

AA

Контроверзниот закон за облигациони односи ќе затвори многу фирми кои се
мачат со наплата на своите долгови со години, а сега по измените и
дополнувањата на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, работите
дополнително се влошуваат. Откако со години не успеале да си ги наплатат
побарувањата, компаниите, покрај тоа што направиле финансиските трошоци за правни
постапки, сега, со новите законски решенија ќе мора да се откажат и од основното
побарување. Се работи за побарувања за кои фирмите инвестирале свои средства и
ресурси, а сега едноставно треба да ги избришат.

Адвокатите и извршителите информираат дека не е мал бројот на фирми кои поради ваквите законски решенија ќе се соочат со големи загуби, а дел од нив и
по неколкудецениско работење ќе мора да стават клуч на врата. Спас за ваквата
состојба се бара и од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Покрај другите проблеми, Законот за облигациони односи и Законот за
извршување може да предизвикаат и корупција. 

Во дописот до ДКСК се наведува
дека „постои колизија на одредени законски одредби
со измените на Законот за облигациони односи чл. 368 став.3, а во врска со чл.
218 од Законот за извршување, што создава можност за стимулирање на корупцијата
при наплата на побарувањата од договорните органи во јавните набавки
“. 

Во образложението до ДКСК се предлага „проверка на двете законски одредби, чл. 368 ст.3 од
Законот за облигациони односи во врска со чл. 218 од Законот за извршување
затоа што не постои и нема правна сигурност и владеење на правото, а исполнувањето
на обврската ќе зависи исклучиво од добрата волја на договорниот орган. Од
друга страна, ќе се откажат многу понудувачи кои реално трпат штета, намалената
конкуренција влијае на цената, ќе се стимулира корупцијата, а понуди ќе
поднесуваат понудувачи кои знаат дека сигурно ќе наплатат“
.

Допис со назнака
за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и
до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска
и до Министерството за правда.

Приватниот сектор
смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од
приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им
овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од
ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно накомпаниите,
а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

Правните
експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен
хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната
економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените
и дополнувањата на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањеќе
се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на
државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат
одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители. 

Инаку до Уставниот
суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на
измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од
физичкото лице Предраг Баришиќ. Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека
измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во
пракса. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy