
Клоп им даде ветување на фановите по дебаклот од Аталанта!
Денеска беа редовните прес-конференции на клубовите пред новото коло од Премиерлигата, а Клоп ја искористи за да им вети на фановите дека ќе видат реакција од фудбалерите по тешкиот пораз.
„Треба да покажеме реакција, тоа е сто проценти јасно. Можам да ви го ветам тоа“, рече Клоп.
„Мислам на тоа, не е првпат во мојот живот да загубам несреќно натпревар. Но да, треба да покажеме реакција и ќе го направиме тоа, ви ветувам“.
