Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиника Жан Митрев: Три недели имавме блокирана сметка со 1,5 милиони евра „на барање на Доказ.мк“
Македонија

Клиника Жан Митрев: Три недели имавме блокирана сметка со 1,5 милиони евра „на барање на Доказ.мк“

10/02/2023

AA

„Жан Митрев“, по информацијата на Обвинителството за претресот во домот на Марјан Стаменковски, сопственикот на „Доказ.мк“, се огласи дека клиниката се соочила со блокирана сметак во период од три недели на која имало средства во вредност од 1,5 милиони евра, по три дена откако порталот тоа го најавил во јавноста.

„Клиника Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека во континуитет изминативе седум месеци болницата се соочува со координирани постапки од повеќе чинители со намера да се влијае на редовното работење на болницата.


Во неколку наврати на порталот ДоказМ се објавуваа текстови базирани на информации во предистражната постапка во кои беше најавувано какви мерки ќе бидат преземени против Клиниката Жан Митрев.

За овие индиции за поврзаност да бидат уште поочигледни, се случи токму тоа што го бараше ДоказМ во текстот на порталот со датум 15.11.2022, односно да се блокира сметката на Клиника Жан Митрев и да се забрани продажба на удели!


Три дена после објавата на овој текст на датум 18.11.2022 јавното обвинителство донесува идентична одлука како бараната од Доказ М со која ја усвојува мерката и ја блокира сметката на Клиника Жан Митрев!

Да потсетиме дека цели три недели сметката на Клиника Жан Митрев беше блокирана и со тоа се влијаеше на редовното работење на болницата. Одлуката беше обжалена, забраната тргната. Иако клиниката сега не е блокирана, можноста за повторно блокирање се уште постои поради тоа што судот ја врати одлуката на повторно разгледување“, соопшти клиниката.


Од таму јавно прашуваат како одлуките на една државна институција се случуваат врз база на она што го пишува порталот ДоказМ и дали со тоа некој сака намерно финансиски да ја уништи Клиниката Жан Митрев и нејзиното работење преку свесно блокирање на 90 милиони денари.

„Дали целта на оваа хајка и операција е непријателско преземање на клиниката преку нејзино носење на раб на економски пропаст за да може да се преземе по багателна цена?“, прашуваат од таму.

За ова ќе бидат известени Хелсиншкиот комитет, Комисијата за заштита од дискриминација, како и Советот за етика во медиумите.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy