Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиника Жан Митрев официјален медицински партнер на Кошаркарската федерација на Република Македонија
Македонија

Клиника Жан Митрев официјален медицински партнер на Кошаркарската федерација на Република Македонија

02/06/2025

AA

Клиника Жан Митрев и Кошаркарската федерација на Република Македонија потпишаа договор за официјална медицинска соработка за сезоната 2025–2026, со што Клиниката станува официјален медицински партнер на македонските кошаркарски репрезентации.

Предмет на оваа стратешка соработка е обезбедување на професионална здравствена грижа,редовни дијагностички и специјалистички прегледи, спортска медицина за сите селекции под капата на КФСМ, сениорската машка и женска репрезентација, како и за младинските репрезентации (М16-М20) машки и женски на возраст од 12 до 20 години кои ќе настапуваат на европските првенства во рамки на сезоната. 

„Нашата мисија отсекогаш била да вложуваме во здравјето и квалитетот на животот. Поддршката на спортот, особено на кошарката која обединува и инспирира генерации, е природно продолжение на таа мисија. Оваа поддршка е одраз на нашата верба во младите, во нивниот потенцијал и во потребата од силни, здрави и мотивирани идни лидери. Уверени сме дека преку ова партнерство ќе придонесеме за унапредување на спортските достигнувања и, уште поважно, за негова поширока афирмација меѓу младите, а нашата експертиза станува дел од успехот на националните репрезентации. Здравјето на спортистите мора да биде приоритет, а ние сме тука да го гарантираме тоа“, изјави д-р Жан Митрев, основач на Клиника Жан Митрев.

Оваа соработка претставува важен исчекор за КФСМ, обезбедувајќи системска, квалитетна и навремена медицинска грижа за сите категории на кошаркари кои настапуваат под државното знаме.

„Професионалната спортска медицина е клучен фактор за врвни резултати. Благодарение на ова партнерство со Клиника Жан Митрев, нашите репрезентативци добиваат врвна здравствена поддршка, дијагностика, консултации и континуирана грижа. Веруваме дека ова е модел на соработка кој ќе ја подигне грижата за спортистите на ново, европско ниво“, изјави Томе Главчев, претседател на КФСМ.

Со овој договор, Клиника Жан Митрев не само што станува медицински партнер, туку и симбол на поддршка за македонскиот спорт, градејќи мост помеѓу врвната медицина и врвните спортски напори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy