
КЛИМАТСКИ „ЛОК ДАУН“ ВО ГРЦИЈА: Временската катаклизма-причина за полициски час
Застрашувачка глетка е снимена на плажата кај пристаништето Кими додека Грција се справува со екстремно лошото време кое предизвика сериозни проблеми на островот Евија.
Во видеото можеме да ја видиме импресивно „водено торнадо“ кое се формиралона плажата Лимнион. Како што може да се види на видеото, воденото торнадо е споено со небото и слично на вистинско торнадо, почнува да се врти.
Според експертите, овој феномен е последица на климатските промени, односно, на глобалното затоплување.
Инаку, во групата Грција инфо, постојано пристигнуваат информации претежно од српски туристи кои овој период таму го минуваат годишниот одмор.
Состојбата во некои туристички места е алармантна, а еден од членовите објави порака од тамошниот ЦУК, дека на сила стапува и полициски час заради катастрофално лошото време.