
„КликниЈади“ повремено прекинува со работа!
Од денеска македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака:
„Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“
Според информации до кои дојде нашата редакција, на соработниците и доставувачите уште вчера им било соопштено дека од денеска фирмата нема да продолжи со работа. Засега не е познато дали станува збор за привремена пауза или за конечна одлука за затворање на платформата.
„КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во изминатите речиси десет години успеа да се етаблира како еден од лидерите во индустријата за онлајн достава на храна во Македонија, особено во Скопје.
Корисниците и партнерите со внимание ќе ги следат следните потези на компанијата, со надеж дека платформата повторно ќе се врати на пазарот каде што подолг период има значајно присуство.