Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Секој петти вработен во униформните служби е на боледување – сериозни злоупотреби со  „цик-цак“ боледувања и во приватни компании!
Македонија

Клековски: Секој петти вработен во униформните служби е на боледување – сериозни злоупотреби со „цик-цак“ боледувања и во приватни компании!

07/04/2026

AA

Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата Ноќно студио на 4ТВ проговори и за злоупотребите во системот за боледувања.

Како што вели, во соработка со Министерство за внатрешни работи, биле извршени контроли кај нив при што било утврдено дека кај значителен дел од издадените боледувања не биле почитувани процедурите.

„Кај секое петто боледување имаше неправилности“, изјави Клековски.

Тој потенцира дека фондот во моментов нема целосен увид во влијанието на боледувањата, особено затоа што краткорочните отсуства ги покриваат работодавачите, додека фондот ги финансира само боледувањата подолги од 30 дена.

Клековски вели дека во мала средина како што е Македонија често постои и притисок врз лекарите со цел „да излезат во пресрет“, а додаде и дека фондот направил значително зголемување на капитацијата за матичните лекари за 30 проценти, со цел подобрување на примарната здравствена заштита, но и со очекување за поголема одговорност.

„Го зголемивме финансирањето, но очекуваме и почитување на правилата. Боледувањата, како и препишувањето антибиотици и анксиолитици, се категории каде што има сериозни казни ако не се следат процедурите“, истакна Клековски.

Според Клековски, најчестите злоупотреби се т.н. „цик-цак“ боледувања, односно вработени земаат кратки боледувања, се враќаат на работа само еден ден со цел да избегнат контрола, па повторно отвораат ново боледување по друга основа.

„Целта е да се сузбијат лажните боледувања, за да има доволно средства за оние кои навистина се болни“, нагласи Клековски, додавајќи дека по подолг период на боледување, пациентите се упатуваат на проценка пред инвалидски комисии.

Според него, проблемот не е ограничен само на јавниот сектор, туку е присутен и кај приватните компании. Како пример наведе фирма каде дури 15 проценти од вработените биле на боледување.

Особено загрижувачка е состојбата во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во некои здравствени установи, како што посочи, дури секој петти вработен е на боледување.

Клековски објасни дека најголем дел од трошоците за кратките боледувања ги сносат работодавачите, додека фондот покрива боледувања подолги од 30 дена, каде контролите се построги и процедурите посложени.

„Најголемите злоупотреби се токму кај кратките, прекинати боледувања. Затоа мора да работиме на нивна контрола, бидејќи влијаат врз продуктивноста и целиот систем“, порача Клековски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле без дозвола, а двајца под

11/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5, а дизелот под 2,5 денари

11/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Владата очекува значително намалување на цените на горивата. Според направените анализи на енергетските пазари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy