Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Без жалба нема решение – граѓаните да пријават сомнителни интервенции
Македонија

Клековски: Без жалба нема решение – граѓаните да пријават сомнителни интервенции

23/08/2025

AA

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, ги повика сите граѓани кои сметаат дека претрпеле штета при кардиохируршки интервенции, да поднесат официјална жалба за нивниот случај.

„Без жалба – нема решение. Потребни се конкретни случаи и аргументи, бидејќи во моментов имаме илјадници пациенти со вградени стентови. Ако започнеме проверка досие по досие, тоа би траело со години. Затоа ги охрабрувам сите кои се чувствуваат оштетени да достават жалба, уверувам дека секој случај ќе биде истражен и разгледан,“ изјави Клековски.

Тој потсети дека Фондот има договори со јавни и приватни здравствени установи единствено во делот на кардиохирургијата, а не и во кардиологијата.

Апелот на Клековски следува по неодамнешната изјава на кардиохирургот Сашко Кедев, кој предупреди дека во одредени приватни болници се изведуваат непотребни интервенции и операции со единствена цел профит.

По овие наводи, Министерството за здравство најави формирање специјална комисија составена од експерти од три различни земји, која ќе ја следи и контролира работата на приватните здравствени установи. Дополнително, ќе продолжат и редовните контроли во јавните болници каде се изведуваат вакви интервенции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy