
„КЛАСИЧЕН ПОТКУП НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОНИСКИ ПЕНЗИИ“: Хајредини за најавата за покачување на пензиите
Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини, истакна дека најавата на министерката за финансии за покачување на пензиите во септември, е класичен поткуп на пензионери, посебно на оние со пониски пензии.
„Најавите на министерката за финансии дека во септември пензиите, според нејзино мислење, треба да пораснат линеарно, е политички маркетинг. Со оглед на тоа дека во октомври ќе имаме локални избори ова неможе да се сфати никако поинаку, освен како класичен поткуп на пензионерите со пониски пензии“, изјави тој за Локално.